Владата планира ново задолжување на домашниот пазар – во опција 24 милиони евра

Во вторник Владата  повторно ќе се задолжи на домашниот пазар. Планираната сума е речиси 24 милиони евра . На  аукцијата на домашните кредитори ќе им бидат понудени две 15 годишни обврзници во вредност од  8 милиони евра и едногодишни записи од околу 10 милиони евра.

Ова ќе биде второ задолжување на домашниот пазар годинава откако на почетокот на месецот по основ на државни хартии од вредност државата запиша 73,7 милиони евра. Парите повторно ќе се користат за покривање на долговите кои доспеаваат  во следниот период, велат од финансии.

Освен задолжувањето дома, државата не го намалува ни надворешното финансирање. На странскиот пазар  се задолжи за половина милијарда евра. Новата еврообврзиница првиот финансиер ја правдаше со историски најниската каматна стапка од 2,75 отсто.

Тевдовски изјави дека парите од еврообврзницата ќе се користат за покривање на буџетскиот дефицит, повисоки плати во образованието здравството и армијата. Дел ќе се трошат за покривање на стари дологови и  капитални инвестиции. На ова реагираа и од опозициската ВМРО ДПМНЕ. Тие сметат дека власта нема да ги користи парите за проекти од кои корист ќе имаат граѓаните.

Дел од бизнисмените  се изјаснија дека задолжувањето е оправдано само ако парите се трошат на капитални проекти. Побараа подобрување на инфраструктурата.

Повеќе