ДУИ не сака да коментира дали двојазичноста ја разниша коалицијата со СДСМ

Oсвен грчката и македонската владејачка коалиција се соочува со проблеми со мнозинството. ДУИ не коментира дали законот за двојазичност ја разниша дружбата со СДСМ.

македонската владејачка коалиција се соочува со проблеми со мнозинството. ДУИ не коментира дали законот за двојазичност ја разниша дружбата со СДСМ. Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи вели дека не сака да зборува за хипотетички ситуации бидејќи е убеден оти спорниот закон ќе биде изгласан идната недела.

„Доколку мнозинството се плашеше од деструктивни уцени, немаше ниту да се потпише договорот со Бугарија, ниту ќе се спроведуваа реформи, а немаше да се разговара ниту за решавање на спорот со името“, изјави Бујар Османи.
Новата криза во коалицијата настана откако дел од пратениците на СДСМ почнаа да откажуваат послушност – не се подготвени да гласаат неуставни решенија и тоа без расправа за 35-те илјади амандмани поднесени од ВМРО-ДПМНЕ, пред се поради притисокот што го трпат во средините од каде што доаѓаат.
Талат Џафери им даде една недела на партиите да се договорат меѓусебно по што ќе биде закажано ново продолжение на седницата. Останува непознато дали ќе се дискутира за амандманите, но и дали доволно пратеници би гласале за усвојување на законот.
Премиерот Зоран Заев кој бараше поддршка и од ВМРО-ДПМНЕ за да го испорача коалицискиот дил сега ја губи и од своите редови.

Повеќе