Таткото на Јане Ченто: Го уапсија син ми, но не им се плашиме, ќе бидеме во први редови за Македонија (ВИДЕО)

По апсењето на екс-министерот за внатрешни работи само 24 часа откако беше ослободен, тортурата продолжува и врз другите обвинети за случувањата на 27. април кои претходно беа пуштени од затворски притвор.

– Ова е наметнат процес, исто како на неговиот прадедо. Не се плаши ниту тој, ниту јас, ниту фамилијата не им се плаши. – изјави таткото на Јане Ченто кој утринава повторно беше уапсен и вратен назад во притворот во истражниот затвор „Шутка“.

Утринава нешто пред 10 часот, полицијата извршила проверка во домот на Јане Ченто, по што истиот бил приведен со образолжение дека не се придржувал до препораките на судот, и на 30. март, според полицијата, тој го напуштил куќниот притвор во период од околу половина час.

Неговиот татко демантира дека тоа е така, и како доказ нуди снимки од безбедносните камери кои ги има поставено, од кои како што вели се гледа дека Ченто во ниту еден момент не го напуштил домашниот притвор.

Јане Ченто утринава повторно приведен и вратен во Шутка

Таткото на Јане Ченто: Го уапсија син ми, но не им се плашиме, ќе бидеме во први редови за Македонија

Posted by ВИДЕО 24 on Tuesday, 3 April 2018

 

Повеќе