Скандал: Владата и градоначалниците на СДСМ рушат споменици на македонски херои, а се носат одлуки за споменици на бугарски херој кој сакал да ја окупира Македонија

Владата одобрила градење на споменик на Бугаринот Константин Каварналиев во Дојран, покажува документот кој го објавува порталот Лидер.

Во 1916 година, кога регионот е окупиран од Царство Бугарија во чест на Константин Каварналиев е подигнат седуметарски споменик на местото каде што е пред тоа бил погребан полковникот. Споменикот е на мал рид, непосредно до патот за Валандово, на 3-4 километри од Дојран. Како форма наликува спомениците на Васил Левски во Софија и на Царот ослободител.

Тој е со натпис “Полковник Каварналиев, загинал за слобода и татковина, од 9-та Плевенска дивизија”.

Споменикот бил рушен во 1966 година за време на акцијата, како што велат бугарските медиуми за уништување на бугарски воени споменици во Југославија. Потоа, по иницијатива на Здружението Плиска, споменикот беше вратен, но македонските власти не добија дозвола да го постават. Така споменикот е инсталиран во родниот град на починатиот – Шумен.

Инаку она што неформално се говори е дека македонската влада ваквиот потег за поставување на споменик на Каварналиев е на барање на бугарскиот европратеник Андреј Ковачев кој тврди дека македонската историја е 100 проценти фалсификат.

Во исто време додека во Дојран ќе се поставува споменик на Каварналиев, градоначалникот Шилегов го сруши споменикот на македонскиот деец и револуционер Андон Ќосето, а градоначалникот на Центар Саша Богдановиќ најавува дека ќе руши други споменици од Скопје 2014.

Богдановиќ не сакаше да открие за кои точно објекти станува збор и кога тие ќе бидат дислоцирани. Ова следува дека откако Зоран Заев најави дека нема да се тргаат споменици.

За рушењето на спомен обележја реагираше и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски кој посочи дека „рушењето на споменици, секако не е активност со која се занимава една просперитетна влада чии погледи се кон иднината.“

-Тоа е чин кој го практикуваат ретроградни сили, како ИСИС во Сирија и талибанците во Авганистан. Не смееме да станеме држава која се срами и ги нагрдува своите херои. Јас одбивам да ги споделувам таквите вредности. Едно е сигурно, ќе дојде ден овој споменик да биде поставен на местото на кое што заслужува, а ќе дојде ден и кога оние кои ова го прават ќе се срамат за своите постапки, изјави Мицкоски.

Повеќе