Единствена Македонија ја доби битката за името на партијата

Единствена Македонија ја известува јавноста дека ја доби битката за името на партијата откако надлежен орган ја запиша партијата во регистарот на политички партии со назив: Единствена Македонија.

Да потсетиме, Народно движење за Македонија на седницата на Централниот комитет од 21 јануари годинава донесе одлука партијата да настапува со назив: Единствена Македонија.

Меѓутоа, надлежните органи повеќе од три месеци го одбиваа барањето за упис на новиот назив: Единствена Македонија, и притоа се бараше од името на партијата да се избрише зборот „Македонија“.

Како и да е, Единствена Македонија функционира со целосен правен капацитет.

Воедно, го охрабруваме македонскиот народ, како што го одбранивме името на партијата, ќе го одбраниме и името на државата, бидејќи, новата легална власт на Единствена Македонија има план преку четирите меѓународно правно-признати механизми кои и стојат на располагање на Македонија, да го вратиме името – Република Македонија во Обединетите нации.

Повеќе