Брз и ефикасен тренинг: Недостигот на време не е изговор

Дали сте знаеле дека не мора да вежбате цел час за да го изгубите вишокот килограми и да го доведете телото во подобра форма? Најновите истражувања покажуваат дека немањето доволно време за вежбање веќе не е изговор.

Според истражувањето објавено неодамна во Европскиот журнал за применета психологија, квалитетен тренинг од 15 минути подеднакво го поттикнува метаболизмот како и 35 минути вежбање.

Друго истражување покажа дека жените кои се обврзале да вежбаат 15 минути дневно имале поголеми шанси навистина да извежбаат во текот на денот.

Оваа брза програма за вежбање предвидува тренинг од 15 минути шест дена неделно. Освен што ќе ви помогне да го симнете вишокот килограми, вежбањето ќе ви помогне и да се ослободите од стресот, да имате поквалитетен сон, како и да ја подобрите општата физичка состојба, што ќе го подобри вашиот имунитет.

Повеќе