Вредноста на биткоин е на раб на нова експлозија, најавуваат експертите

Биткоин е подготвен за нова експлозија на вредноста која може да ја одведе оваа криптовалута до висини кои не беа достигнати ниту кон крајот на 2017 година, кога беше забележана највисока вредност на цената на оваа криптовалута.

Експертите сметаат дека вредноста на биткоин ќе продолжи да расте додека не забележи нова вредносна експлозија, поголема од онаа забележана на крајот од минатата година. Според нив, она што дава позитивни знаци за нов раст на вредноста е континуираниот пораст на вредноста во првите три месеци од оваа година, како и фактот дека вредноста на биткоин се искачи на 9.000 долари по токен за првпат по март годинава.

Позитивните предвидувања за вредноста на биткоините ги натера заинтересираните од целиот свет засилено да вложуваат во оваа криптовалута. Според магазинот Cryptoslate, нарачките за оваа валута пораснале за 92% од почетокот на месец март 2017 година. Тогаш вредноста на биткоинот беше 1.000 долари, а до крајот на календарската година таа порасна на дури 20.000 долари.

„Покрај толку многу нарачки и заинтересираност, пораст на вредноста на биткоинот е скоро загарантирана, скоро неизбежна“, пишува во извештајот на Cryptoslate.

Аналитичарите се убедени дека веќе од наредниот месец нема да можете да купите биткоин по цена помала од 10.000 долари никогаш повеќе, а во прилог им оди и порастот на вредноста од преку 15% во последната недела.

Познатиот инвеститор Алистер Милн смета дека вредноста на биткоин ќе биде од 35.000 до 60.000 долари до крајот на 2020 година, додека друг инвеститор, Тим Дрејпер, вели дека до 2022 година вредноста на еден биткоин токен ќе биде 250.000 долари

Повеќе