За вашиот не (успех) е одговорен шефот?

Односот со шефот има големо влијание на успехот на вработените и нивното задоволство на работа.

Постојат неколку видови на шефови. Прочитајте како да се справите со нив.

Шефот постојано ве контролира

Ако вашиот шеф постојано ве контролира и се мора да знае и во секоја ситуација тој го има главниот збор, најдобар начин за нешто да промените е проблемите да ги решавате постепено.

Следниот пат кога ќе добиете задача, поделете ја на неколку фази. Информирајте го шефот за вашиот напредок и постојано барајте негово мислење. Со текот на времето ќе ја стекнете неговата доверба.

Да се откажете или да научите да преживувате?

Ако вашата работа, и покрај шефот, ви овозможува напредок и бенифиции кои не можете да ги пронајдете на друго место, можеби се исплати да издржите некое време.

Кога за шеф имате тиранин, вашите опции се ограничени. Можете да разговарате со него, а проблемите да пробате да ги решите кај неговиот надреден. Тоа оставете го за крај како последна опција, кога ќе сватите дека за него нема поинаков лек.

Речиси секогаш е неодлучен

Неодлучниот шеф е оној кој бавно ги донесува одлуките, не поставува јасни цели и рокови и не дава конструктивни критики за вашата работа. Обидете се заедно со него да го одредите рокот, но не го форсирајте бидејќи можете да си го нарушите односот.

Повеќе