Вежби против салото на грбот и „свадбарките“

Нема ништо полошо од тоа да се облечете во некоја пролетна маичка и да забележите дека салото на грбот и рацете се истакнуваат повеќе од што треба.

Честопати се фокусираме на другите делови од телото при вежбањето, па забораваме дека има вишок и на грбот, а да не заборавиме и на „свадбарките“ кои на сите им одат на нерви.

Покрај стандардните вежби за цело тело, постојат и вежби кои ќе ви помогнат да го намалите вишокот на овие два дела.

Така, ќе имате совршено тело од глава до пети и ќе можете слободно да облечете тесни маички со голи раменици.

Практикувајте го овој тренинг 2-3 пати неделно и правете одмор помеѓу вежбите. За вежбите каде на сликите се прикажани тегови, пожелно е да користите мали тегови.

Вежба 1 

Одлично е да го почнете тренингот со 2-минутно скокање на јаже за да се загреете и да ги зајакнете рамената и грбот.

Вежба 2 

Застанете исправено со стапала раширени малку повеќе од колковите и малку свиткајте ги колената.
Кренете ги рацете нагоре виткајќи ги во лактите и левата рака турнете ја надесно како движење за удар.
Вратете се во почетна положба и повторете го тоа со десната рака на левата страна.
Менувајте ги рацете со исти движења 60 секунди и повторете 3 пати со пауза од 20-30 секунди.

Вежба 3 

Легнете на грб со рацете свиткани над градите и со кренати нозе свиткани во колената под прав агол.
Кренете ги рацете нагоре над градите и подигнете се со рамената, истовремено кревајќи ги нозете исправено нагоре.
Вратете се во почетна положба и повторувајте го истото движење 45 секунди.
Повторете 3 пати со пауза од 20-30 секунди.

Вежба 4 

Спуштете се и застанете во положба за склекови.
Полека спуштете ги градите кон подот и фокусирајте се на мускулите на грбот.
Турнете се нагоре до почетната положба.
Повторувајте го ова движење 45 секунди.
Повторете ја вежбата 3 пати со пауза од 20-30 секунди.

Вежба 5

Легнете во положба за склек, но со исправени раце како на првата фотографија.
Свртете го горниот дел од телото на лево и кренете ја левата рака исправено нагоре.
Вратете се во почетна положба и повторете го истото на десната страна, со десна така.
Менувајте ги рацете со исти движења 45 секунди.
Повторете ја вежбата 3 пати, со пауза од 20-30 секунди.

Повеќе