Бил Гејтс: Биткоинот е глупост

Уште една позната личност даде свое мислење за најпознатата криптовалута на светот.

Откако претходно американскиот милијардер и финансиски маг, Ворен Бафет, го карактеризираше биткоинот како „отров за глувци, кој не вреди ништо“, во острите критики кон оваа криптовалута му се придружи и славниот Бил Гејтс.

Гејтс во интервју за „CNBC“ истакна дека биткоинот стана статусен симбол, и дека бидејќи не произведува ништо, не би требало да се очекува дека ќе има било какво придвижување.

„Се согласувам со тоа дека би требало да се ослободам од биткоинот, доколку за тоа постои полесен начин“, изјави Бил Гејтс.

„Да вложувате во биткоин е исто како да вложувате во некоја глупост“, додаде Гејтс.

Инаку, Бил Гејтс е член на Управниот одбор на инвестиционен фонд, чиј директор е Ворен Бафет.

Повеќе