10 вицеви што слатко ќе ве насмеат

Врв на машката верност: Оженет е по трет пат, а ја има истата љубовница.

Велат смеењето е половина здравје, па веруваме дека овие вицеви ќе ви бидат добра „доза здравје“ денес:

Мажите порачуваат: Жени не се возбудувајте ако трчаме по вас. Трчаме и по топката, па на крајот ја шутнуваме.
Но, затоа и жените порачуваат: Мажи, не се возбудувајте ако се заљубиме во вас. Се заљубуваме и во пар чевли, но потоа купуваме уште 5 пара за секој случај.

Влегува Перица во ординација и од вратата вели:
Докторе, ми треба потврда дека не можам да работам.
Докторот прашува:
А што ти фали?
Па, таа потврда, му одговара Перица.

Оди Македонец во Амстердам и веднаш правец јавна куќа. Проститутката го прашува:
На кој начин сакате да водиме љубов?
На македонски начин, гордо ѝ вели тој.
А не, не, нема на кредит!

Наставникот по математика му вика на Перица:
Перица, слушнав дека си бил брз во пресметување. Колку е 32 x 26?
750!
Наставникот:
Тоа не е ниту блиску.
Перица:
Но, беше брзо!

Полицаец стопира пијан човек среде ноќ.
Каде си тргнал во ова време?, му вели.
На предавање, одговара пијаниот.
Како да не, кој држи предавање во оваа доба од ноќта?
Мојата сопруга!

Врв на машката верност: Оженет е по трет пат, а ја има истата љубовница.

Елена: Баш сум како Пепелашка, само готвам, перам, пеглам.
Горан: Е па, кога се омажи за мене, убаво ти кажав дека ќе живееш како во бајка.

Доаѓа Перица од училиште и татко му го прашува:
Сине, како помина на училиште?
Тато ти си фудбалер, па ќе ме разбереш. Го продолжив договорот за прво одделение на уште една година.

Зошто балерините одат на прсти?
За да не ја пробудат публиката.

Мујо заглавил во затвор и Фата му оди на посета и го прашува:
Како ти е овде?
Мујо ѝ одговара:
Исто како дома.
Како мислиш како дома?, збунета е Фата.
Па, храната не е вкусна, облеката не ми е испеглана, нема секс и не смеам да излегувам.

Повеќе