Македонија во чест на Свети Кирил и Методиј – Заев и Борисов на поклонение во Рим

Македонија во чест на Свети Кирил и Методиј. Денеска го празнуваме 24 мај – Денот на сесловенските просветители светите браќа основоположници на словенската писменост и литература.

Македонија во чест на Свети Кирил и Методиј. Денеска го празнуваме 24 мај – Денот на сесловенските  просветители светите браќа основоположници на словенската писменост и литература. Кирил и Методиј се заслужни за културниот развој на сите словенски народи. Во чест на Свети Кирил денеска и утре Македонија и Бугарија одржаа заедничко поклонение на гробот на свети Кирил во Базиликата Свети Климент во Рим. Македонската владина делегација ја предводи премиерот Заев, бугарската пак Бојко Борисов. Присутни се и претставници на Македонската православна црква и Римокатоличката Црква во Македонија. Заев утре ќе присуствува на Аудиенција кај папата Франциск во Ватикан.

Повеќе