Аргентинската полиција откри дрога во реплики на трофејот на Светскиот куп


Аргентина -Аргентинската полиција разби криминална група кој шверцувала марихуана и кокаин во реплики на трофејот на Светското првенство во фудбал, соопшти министерот за безбедност на провинцијата Буенос Аирес, Кристијан Ритондо.

– Овие трговци на смртта покажуваат бескрајна генијалност, но не дозволувајте да ве излажат. Не заслужуваат воодушевување. Тие сега се во затвор, изјави Ритондо.

Во полициската операција запленети се 20 килограми марихуана, 10 килограми кокаин и 1.800 дози крек-кокаин и поголема сума на пари.

Уапсени се четворица мажи и две жени.


Повелете во групата каде можете да коментирате и искажувате ваши ставови и размислувања за актуелните теми.

Објавено во : СВЕТ

Повеќе