ВИРУСОТ “ЗАПАДЕН НИЛ” ГО УБИЛ АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ?!

loading...

Причината за прераната смрт на  Александар Велики со векови ги интригира историчарите ширум светотедни сесомневаат дека се работело за труењедруги дека било гриптрети ја споменуваат тифусната трескачетвртималаријата… Но што навистина се случило?

Александар  Македонски, со неполни 20 години го наследил својот татко Филип, кој бил убиен во текот на подготовките за напад на тогаш најсилната држава на светот – Персија.

Преземајќи ја владетелската должност, Александар го започнал создавањето на исклучително моќното и големо царство кое се протегало од Балканот до Персија и од Египет до Индија.

Александар не бил само успешен војсководител и воен стратег. Образованието го стекнал кај прочуениот филозоф Аристотел и многу придонел за развојот на науката и културата во својата држава. Основал и подигнал многу градови, меѓу кои најпознат е Александрија во Египет. Македонскиот крал го ширел влијанието на старогрчката култура и филозофија ширум Европа, Азија и Африка. Во настојувањето да ја добие довербата на покорените држави и народи, се оженил со убавата азиска принцеза Роксана. Историјата забележува дека кога во 323 г. п.н.е. умрел од треска во Вавилон, во близина на денешниот град Багдад, имал само 32 години.

Причината за прераната смрт на кралот Александар ИИИ Македонски познат понекогаш и под името Александар Велики, со векови ги интригира историчарите и научниците ширум светот. Едни се сомневаат дека се работи за труење, други велат дека било грип, трети ја споменуваат тифусната треска, четврти маларијата… Но што навистина се случило?

 

ЗАБОРАВЕН ВИРУС

Епидемиологот д-р Џон Мар од Ричмонд и инфектологот д-р Чарлс Калишер од универзитетот Колорадо претпоставуваат дека Александар, по двонеделно боледување, можеби умрел од последиците на неодамна откриениот вирус. Тој е познат под називот “вирус на Западен Нил” и е карактеристичен за подрачјето на Африка, западна Азија и Блискиот Исток. Од заборав “исплива” во 1999 година, кога случајно е внесен на територијата на САД. Носители на вирусот се животните, а на човекот се пренесуваат со боцкање од комарец.

Марк Калишер го потенцира извадокот од записот на грчкиот историчар Плутарх: “Кога Александар стигнал пред кулите на Вавилон, здогледал големо јато чавки. Птиците летале наоколу колвајќи се меѓусебно, по што некои од нив паѓале мртви пред нозете на владетелот.”

Научниците сметаат дека птиците угинувале од последици на вирусот од западен Нил, со оглед на тоа дека тој вид птици посебно е подложен на зарази со сродни вируси. Мар и Калишер својата претпоставка ја провериле со помош на он-лајн дијагностичката програма “ГИДЕОН” (Глобална епидемиолошка мрежа за испитување на заразни болести). Најпрво ги внесле податоците за симптомите, кои според записите ја следеле болеста на Александар: проблемите поврзани со органите за дишење, ослабена функција на црниот дроб и осипување. Потоа ја навеле врската со птиците и го сочекале одговорот. Одговорот гласел: “100 % вирусот од западен Нил”.

“Теоријата е доста занимлива” – смета епидемиологот од Кингстон, д-р Томас Мадер. Тој додава дека вирусот од западен Нил најчесто ги погодува старите лица и оние со ослабен имунитет. “Сепак, ако Александар бил толку физички силен, можеби не го покосила споменатата болест.” – тврди Мадер.

Д-р Калишер смета дека од овој случај може да се извлече поука, според која научниците во истражувањата би требало да ги земат сите историски факти, не занемарувајќи ги притоа и животните како потенцијалните преносители на болести.

 

ПОРТРЕТ НА УБИЕЦОТ

Истражувачите од американскиот универзитет во Пердју успеале со силен електронски микроскоп да го снимат фамозниот вирус од западен Нил, мистериозниот патоген кој пред шест години се прошири од Африка на Северноамериканскиот континент. Тродимензионалната снимка на вирусот би требало да им овозможи на научниците подобро да го запознаат и да најдат начин да го неутрализираат. На снимката се гледа дека вирусот од западен Нил е со облик на сфера со грутчиња на површината, односно дека е со доста правилна градба, за разлика од вирусот на СИДА или на грип, кој има многу испакнатини во облик на стапчиња во разни насоки.

Вирусот од западен Нил е со големина од еден милионити дел од сантиметарот, што е ситно и за вируси. Грутчињата на површината на вирусот се состојат од протеини, а прецизното познавање на распоредот на тие протеини би можело да го забрза пронаоѓањето на лекот кој би оневозможил продирање на вирусот во ќелиите на организмот на животните и луѓето.

За да го снимат, научниците од Пердју го замрзнале вирусот во течен етан на минус 173 степени Целзиусови и потоа на него насочиле сноп електрони. Моќниот електронски микроскоп бележел како испалените електрони се одбиваат од атомите на вирусот и така настанала слика на вирусот со голема резолуција.

Професорот по биолошки науки на универзитетот Пердју, Ричард Рериг нагласува дека тоа што е мал, не ја намалува моќта на вирусот да ја зарази и убие ќелијата на организмот и додава дека научниците моментно работата на истражување на биохемиските процеси, за да утврдат како вирусот се реплицира откако влегол во ќелијата.

Вирусот на западен Нил првпат се појавил во САД на подрачјето на источниот брег во 1999 година и од таму се проширил на останатите краишта на земјата. Во постудените делови на САД комарците кои го пренесуваат вирусот се неактивни во текот на зимата, но во топлите делови, тие остануваат активни во текот на целата година. Иако постои вакцина против вирусот од западен Нил наменета на коњите, слична превентива наменета за луѓето засега нема.

Големиот војсководител Александар Македонски одамна е заминат во историјата, но неговиот микроскопски убиец с# уште е на бојното поле и на светската историска сцена.

Пишува. Илија Бошков – КИрајнички


ИСТОРИЈА

loading...

Поврзани статии