Подобро сместување во Охрид и за 400 евра неделно: Кој се бања во нашите природни езера?

loading...

Туристичката сезона полека влегува во шпицот, а сместувачките капацитети во Охрид и Дојран делумно се исполнети. Дождливото време и релативно ниските температури невообичаени за овој период од годината ги спречуваат туристите целосно да се опуштат и да се разладат во водите на двете природни езера кои се главен адут на македонскиот туризам.

Цените на туристички апартмани во бисерот на Македонија варираат зависно од локацијата на која се наоѓаат. Од споредбата која ја направи „Фактор“ на цените на сместувачки капацитети се заклучува дека тие се движат од 350 денари па до 60 евра дневно за ноќевање во студио, апартман или соба во Охрид.

Во Дојран пак од типот на сместување зависи и цената. Таму ноќевање чини од 1.000 денари во јуни и септември, до 1.300 или 1.400 во јули и август.

Охрид со празни плажи, но со повеќе странски гости

Од 25 евра за апартман за двајца, 30 евра за тројца до 40 евра за четворица чини сместување во капацитети кои може да се каже дека се полуксузни.

„Најмногу гости ни доаѓаат од странство…Англија, Холандија, Полска, Србија. Доаѓаат и наши гости што живеат во Австралија“, велат од „Апартмани Охрид“.

Сопствениците на овие издавачки капацитети кои располагаат со повеќе видови на студија и апартмани потенцираат дека странците се подобри гости од домашните.

„Не се ценкаат за цените…90% од резервациите се странци а нашите гости од Македонија за било која цена што ќе им ја кажеш веднаш бараат попуст и се жалат дека е скапо“, посочуваат од „Апартмани Охрид“.

Дојран ќарува од еднодневните ноќевања од туристите кои одат кон Грција

За апартман со 4 кревети, кујна, тоалет и балкон во Дојран сместување чини од 1000 денари дневно во јуни и септември па до 1.400 денари во екот на сезоната односно во август.

Се наоѓаат и сместувачки капацитети од 1.200 денари од ноќевање, но има и поевтино зависи од тоа со колку кревети е апартманот или студиото.

„Цело лето гости имаме најмногу од Србија. Преспиваат кај нас една ноќ и продолжуваат утрото кон Грција. Но имаме и гости од Бугарија, Грција, Холандија…“ раскажуваат издавачите на апартмани.

Природата и езерото, но и гостопримството ги привлекуваат туристите во Охридското и Дојранското езеро.

Жителите на двата града велат дека пресудни за туристите се и вкусната храна и шеталиштата кои придонесуваат кога во време на сезона температурите се непогодни и под просекот наместо да се капат туристите да шетаат.

 

Ирена Ставрова

 

извор:https://faktor.mk

loading...

Поврзани статии