Операција „„Потемкинови села“ за Северна Македонија!

loading...
„Потемкинови села“ со кои се означува „измама“, „смислено мамење“ или „лажен блесок кој крие неуспешна содржина на нешто“.
Овој израз и денес се користи во многу јазици, меѓу кои и во македонскиот, за да означи дека нештата се прикажуваат во многу поубава светлина од она што навистина се.
Едноставно „театар“ се прави со цел за една психолошка состојба дека ете каде сега имаме потреба да „одиме напред„.
Таков обид имаше во 1998 год. каде посебно кај младите се правеше слика дека има пари доста фрлено и само што Македонија не почнале да цутат рози насекаде,за веднаш после изборите да се види „црната„ слика дека ние сме една земја која сама не е способна ниту да се прехрани поради коруптивно владеење.
Овој процес е поткрепен со материјални средства пуштени под намалку едуцираната политички маса и најманипулативните граѓани за да има проста цел ,поголема маса опфатени од проектот „Одиме напред„ .
Официјално овој проект со својата втора фаза ,започнува со организирање на прославата „Одиме напред„ за која пред еден месец веќе се знае,а ако добро можете да видите беше најавена од Ристо Вртев (Архангел) во Дојран на Д-фестивалот каде најави следно свое гостување во Скопје  за три недели ,и во 15 градови низ Македонија која претходно е организирана и спремано од власта, да не се залажуваме вакви проекти не ги прави единка или чинител на власт ако притоа не влегува во една поширока слика и цел со влијание од поголема сила која ќе ја помага сликата целосно да се оформи,а притоа главен ефект е да се дојде до 70% излезност на граѓаните во Македонија да излезат на референдумот со кој би се самоукинале самите ,бидејки без наше сопствена согласност неможе да помине ваков процес,и тоа потребно е да се створи само сликата дека мнозинството е ЗА ЕУ и НАТО а не дека и треба да излезат до толку ,потребна е атосферата да се направи и навидум да се прикаже на народот дека ете и нивните комшии и роднини сите се со тој став и дека треба да чуствуваат срам и да бидат прогласени за националисти и затнтани доколку не ја зграбат ова можност.
Спас?
Чарето единствено е да се одигра улогата дека психозата делува ,а во даден момент пред одлука сите на викенд и на бојкот на истиот референдум ,бидејки друго чаре и нема,ако до моментот на кампања се игра по тоа сценарио солидно ,а потоа се направи радикално откривање на големата лага и се опстои на ставот за Бојкот ,Македонија е таа која ќе биде повторно примена во НАТО бидејки да не се залажуваме НАТО ја сака сега Македонија а не толку колку ние ,и реално приземјување на политичките елити т.е треснување политичко од земја,народски кажано ,промена на власт поради неиспорачување на резултат ,договор со Грција ,и промена на глобалната гео политичка сцена во 2019 а со тоа и немање време за дополнителни експерименти врз Македонија.
8 годишната иднина на Македонија во кој правец ќе се движи најмногу зависи од исходот на овој Референдум ,единствена точка каде никоја власт не може да гарантира конечен исход ,и од тука овој проект кој веќе ни се случува во Македонија со правење на илузија и оптичка лага , дека само што не дошле милјардите ,а за почеток еве неколку милиони за подобар живот,кој после гласањето на Референдумот сето тоа си останува исто.
Зошто се одлучува кој ќе не води напред сега на РЕФЕРЕНДУМОТ?
Хипотетички ,доколку успее референдумот ова гарнитура ова мнозинство ке добие уште најмалку 5 години мандат веднаш со предвремени избори заедно со претседателските за исполнување на сите детали во договорот за да може да се реализира до крај ,а во мегувреме изјавите кој пристигаат од наводни„неистомисленици„ од Грција се само темпирани да му помогнат на мнозинството за да го помине референдумот,бидејки Грција реално ако размисли секој ,ништо не губи ,туку добива најмногу со своите најцрвени линии преточени во договор и нема апсолутно никаков интерес референдумот да не успее во Македонија ,а најмалку тие како држава да не го ратификуваат овој договор.
За жал битката на народната волја е сведена само во моментот на негова одлука во што ќе поверува ,а операцијата „Потемкинови села“ веќе власта со огромна помош ја спроведува, вистината на сопствениот народ со која настапува а за жал ја има поддршката од моќните играчи во моментот кој имат личен интерес од тоа да успее во геостратешките стратегии ,што не значи и дека ќе успее во таа своја вистина и да ја наметне и да ве збуни, се зависи од денот буквално за референдум ,дали и би излегле од дома и би допринесле за да се створи сликата за излезност па дури и не мора да глсате ќе има гужва надвор за да се направи сликата дека ете сите излегле да глсаат и од вас се очекува да не бидете црна овца која потоа би имала некакви последици, запомнете последиците се многу поголеми ако допринесете за самоукинување,за вас и за вашите идни генерации ,деца,внуци,правнуци итн..бидејки тоа договорот го гарантира до последната точка и запирка дека ќе биде така.
Дали ќе бидеме побогати и подобри?
Само со луѓе кој не се криминогено настроени ,и само со чесен пристап и транспарентно работење можеме да одиме напред и со многу работа,засега овие од моменталната гарнитура на власт не докажаа дека знаат така да работат. Напротив секојдневно имаме сосема сурова реалност каде се прават разно разни криминали,убиства,тепачки,осиромашување ,бркање од работа ,раст од 0% на економијата и никакви странски инвестиции,и зошто тоа одеднаш ќе се смени само по себе?
Останува добро да размислите што ќе нис е случува до референдумот и запамтете после нема да биде ништо исто доколку дозволите да помине,давате најмалку уште 5-8 години власт на ова власт за спроведување на договорот,и милјардите веднаш ќе ги снема како ветување од НАТО и ЕУ, и како што направил Потемкин , ќе се дигне сценографијата која ќе се поставува овие месеци за целта да се постигне а тоа е само успешен Референдум и давање уште 2 мандати на ова мнозинство за да го спроведе,ете тоа е играта која ни се спрема а која секој од нас е потребно да ја оддигра својата улога.
(Појаснување за за „ликот и делото“ на Григориј Александрович Потемкин)
-Инаку Потемкин се зафатил со колонизација на териториите кои влегле во составот на империјата. Тој на императорката и велел дека општеството  се развива со невидена брзина и дека таму „цутат рози“, дека народот живее среќно и дека економијата е во подем.
Но, бидејќи работите не биле онакви како што ги прикажувал грофот Потемкин, тој морал да смисли итроштина за ги оправда своите зборови. За таа цел Григориј Александрович организирал „театар“. Тој наредил долж патот по кој се движела царската свита да бидат изградени села, кои всушност биле само декорации, кулиси, сценографија. На овие места биле донесени селани од други места на Русија, биле преоблечени во свечена облека, стоеле покрај патот и со цветови во рацете ја пречекувале и ја поздравувале царицата.
Но, откако ќе поминела каретата на царицата и на нејзината свита, луѓето и „декорациите“ биле преместувани на други делови на кои допрва требала да помине Екатерина Велика. Така тие повеќе пати ја пречекувале кралицата. Покрај патот стоеле вреќи, за кои царицата сметала дека во нив се наоѓа жито, но тие всушност биле полни со песок. „Куќите“ покрај кои таа поминувала биле многу убави, украсени, имало цвеќиња, а дворовите биле средени, иако по само една недела тие се исушиле и исчезнале.
Сета таа убавина, сиот тој раскош што Потемкин им го прикажал на царицата Екатерина Велика и на дипломатите биле лага, привид. Но, тоа не останало незабележано. Искусните странски гости ги забележале обидите на Потемкин, па дури и пишувале за тоа. 
Луѓето се најпоткупливи со пари-а пари овие два месеца ќе има многу низ народот пуштено во најразличен облик и поткуп ,ветувања за позиции,вработувања и просперитет ,но бидете над ситуацијата ако нешто барем ви значи вашата иднина и вашите деца во какво општество ќе живеат и под какви услови,верувајте си на интуицијата и на срцето. (J.A)
www.media24.mk
loading...

Поврзани статии