ТОДОР ПЕТРОВ: БОЈКОТ НА “ПРОСЛАВАТА“ НА 14 ЈУЛИ ВО 15 ГРАДОВИ ЗА ВЕЛЕПРЕДАВСТВО НА НАЦИЈАТА И ДРЖАВАТА!

loading...

БОЈКОТ НА “ПРОСЛАВАТА“ НА 14 ЈУЛИ ВО 15 ГРАДОВИ ЗА ВЕЛЕПРЕДАВСТВО НА НАЦИЈАТА И ДРЖАВАТА!

12 јули 2018 година, Скопје, Македонија – Светскиот Македонски Конгрес (СМК) повикува на масовен бојкот на владината прослава во сабота на 14 јули 2018 година во 21 часот, во 15 градови низ Македонија – Скопје, Куманово, Кавадарци, Охрид, Битола, Тетово, Кичево, Прилеп, Велес, Гостивар, Штип, Кочани, Струга, Гевгелија и Струмица, поради условената покана за членство на Македонија во НАТО Алијансата доколку Македонците на референдум го сменат името на државата и идентитетот на нацијата!

ЕУ и НАТО Алијансата не се достојни за промена на името на државата и идентитетот на нацијата и прослава за велепредавството на Владата не заслужува внимание на јавноста!

СМК ја повикува нацијата да се обедини во колективна тужба против НАТО за претрпени штети на илјадниците умрени од карцином, леукемија и тироидна жлезда и тие што допрва ќе починат од тие болести и во Македонија, поради контаминација на просторот од бомбардирањето на Србија и Косово со стотици тони бомби со осиромашен ураниум и графитни бомби во 1999 година. Нацијата не треба да прославува фашистички сојузи кои бараат промена на името на државата и идентитетот на нацијата!

НАТО не ги штити суверенитетот и територијалниот интегритет на државата и нацијата, напротив ја дестабилизира Македонија и ја прави терористичка дестинација поради загинатите и штетите предизвикани од НАТО интервенциите во Сирија, Авганистан, Ирак, Либија…

ЕУ и НАТО не се достојни за промена на името на државата и идентитетот на нацијата и срам недостоен за помен е прославата на 14 јули годинава од буџетот на државата за настан со кој треба да се одбележи антимакедонизмот на ЕУ и НАТО бирократијата, грчкиот и бугарскиот геноцид врз Македонскиот народ, наци-фашистичкото барање на Грција за промена на името на државата и идентитетот на нацијата, и наци-фашистичкото барање на Бугарија за промена на името, културата, јазикот и историјата на Македонскиот народ, како вредност за солидарност на Брисел и Стразбур со Атина и Софија!

Тие што се најавени да пејат на 14 јули, пред да настапат на сцена, доколку не го откажат претходно учеството, нека се предомислат, бидејќи ќе пеат за илјадници деца убиени во воените интервенции на НАТО во Србија, Сирија, Авганистан, Ирак, Либија и ширум светот…

loading...

Поврзани статии