Ферари заработува најмногу пари по произведен автомобил

Според германскиот професор по економија, Фердинанд Дуденхофер, кој ги истражувал продажните резултати и заработката на производителите, Ферари профитира со по 69.000 евра од еден продаден автомобил.

Таа бројка се добива поради скапите дополнителни поволности што им се нудат на клиентите, на пример – боја по избор, која во некои држави чини и 40.000 евра. На второ место е Порше  со профит од 17.000 евра.

Ауди, БМВ и Мерцедес Бенц заработуваат околу 3.000 евра за продаден автомобил.

Масерати е малку поуспешен, со 5.000 евра за секој примерок што излегува од салонот, а Волво има малку помал профит од нив.

Бентли, од друга страна, сега губи 17.000 евра за продаден автомобил поради тековните големи инвестиции.

Повеќе