ДОГОВОРОТ ТРАЈНО ЌЕ НИ ЗАБРАНИ ДА ЗБОРУВАМЕ И ДА МИСЛИМЕ ЗА МАКЕДОНИЈА!

Што ќе се смета за шовинизам, непријателство, иредентизам и ревизионизам никој не знае, а во договорот се наведени овие категории. Ова значи дека утре секоја твоја, моја, наша изјава може да се смета за иредентистичка, шовинистичка, непријателска!!!

Грците ќе не кудат, Грците ќе не судат!

ДОГОВОРОТ ТРАЈНО ЌЕ НИ ЗАБРАНИ ДА ЗБОРУВАМЕ И ДА МИСЛИМЕ ЗА МАКЕДОНИЈА!

Исто така, во договорот се предвидува формирање на Советот за соработка на високо ниво раководен од двајцата премиери кој ќе НОСИ ОДЛУКИ против поединци кои ќе ја прекршат примената на договорот?!

Од правен аспект ова е КАТАСТРОФА!

Советот ќе биде инсталиран како вид квази-суд кој ќе има право да носи одлуки во кои ќе бидат предвидени и казни против Македонците, а тие ќе немаат право на никаква правна заштита, бидејќи не се знае каде ќе може да се побара таква заштита! Сето тоа не е предвидено во договорот, а и европското право не предвидува таква заштита!

Која ќе биде правната основаност на овие одлуки? Договорот?

Како може билатерален договор меѓу две држави да има посилна правна сила од меѓународното и од домашното право?

Ниту еден меѓудржавен орган не може да ја минира заштитата на човековите права што постои на национално, европско и меѓународно ниво!

ДОГОВОРОТ ВИ Е ИРЕДЕНТИСТИЧКИ, ШОВИНИСТИЧКИ И ФАШИСТИЧКИ!

ТАЊА КАРАКАМИШЕВА ФБ СТАТУС

Што ќе се смета за шовинизам, непријателство, иредентизам и ревизионизам никој не знае, а во договорот се наведени овие…

Posted by Тања Каракамишева on Friday, 31 August 2018

Повеќе