Неверојатно: Бан Ки Мун ѝ порача на Македонија да не прави компромис за името со Грција!

loading...

Бан Ки Мун, генералниот секретар на Обединетите нации, кој вечерва пристигна во Охрид, даде шокантна изјава со која индиректно ја повика Македонија никако да не прави компромис со Грција за прашања како што се самоопределувањето и самоименувањето, а кои ОН ги сметаат за загарантирани универзални права.

Ова синоќа го јави телевизијата Канал 5, која нагласи дека изјавите на генералниот секретар на Обединетите нации ќе предизвикаат жестоки реакции од Грција.

Телевизијата ја оценува изјавата на Бан Ки Мункако шокантна и наведува дека таа ќе предизвика сериозни полемики и размислувања и во Скопје и во Атина.

„Со своите изјави тој практично го отвори прашањето дали правото на самоопределување и самоименување е политичко, или е загарантирано универзално право што се добива со раѓање. Кога се работи за универзални права и принципи, Обединетите нации никогаш не прават компромиси“, ги коментира Канал 5 изјавите на генералниот секретар на ОН.

Бан Ки Мун, кој вечерва пристигна во Охрид и се сретна со членовите на школата за лидери, која се одржува под покровителство на претседателот Ѓорге Иванов, за цело време во своето обраќање и комуникација го употребувал уставното име на нашата држава.

„Македонија, Република Македонија, вашата преубава Македонија“, биле најупотребуваните негови зборови, а во еден момент тој раскажал како во младоста, додека бил студент, го употребувал вистинското име, односно го изговарал онака како што се пишува, но откако пристигнал во Њујорк почнал да ја нарекува „Маседониа“.


Извор:https://m.mkd.mk/
loading...

Related posts