ВИСТИНАТА ЗА СОЗДАВАЊЕТО НА ГРЧКАТА ДРЖАВА

loading...

“СЕКОЈА НАЦИЈА ТРЕБА ДА ЈА СМЕТА ЗА СВОЈА САМО ТАА ИСТОРИЈА, КОЈА СЕ ТЕМЕЛИ ВРЗ ВИСТИНАТА”

Дионисос Соломос 1847

*************

 

Пишува: Сотир Гроздановски

 

Неодамна на интернетската мрежа изненадно се појави видео документ за создавањето на современата грчка држава, како резултат на Револуцијата од 1821 година.  Изненадувањето беше угодно за Македонците,  но шокантно  за погрешно информираната грчка јавност. Ништо не би било необично, кога таа би се темелила врз вистинската древна историја и врз вистинските историски процеси од тие времиња. Но, бидејќи тоа не е случај, шокот кај големиот број Грци е катастрофален. Катастрофален, бидејќи овај видео запис ги открива сите лаги и невистини за гнилите темели на денешнава “демократска” Грција, која нема никаква вистинска врска со древната Грција, односно со градовите државички и Атина како центар на старогрчката култура, врз која западниот свет ја втемели својата култура, со која се гордеат да е супериорна. Со овој видео запис се откриваат и сите sверства на грчкиот клер од тие времиња, а кои се протегаат до ден денешен, а нарочито врз националните малцинства, меѓу кои и Македонците.

Тежината на фактите од кои врие овој видео запис му ја даваат многубројните учесници во разговорите, а кои доаѓаат од многу високообразовни светски институции, меѓу кои и од самата грчка научна елита.

Видео записот, за кој е збор во овој мој текст, е делумно на грчки, а повеќето на англиски јазик. Верувам дека многу од нашите иселеници во странските земји, но и во Македонија  имаа можност да го видат и без потешкотии да ја следат неговата содржина, но исто така многу од нив имаа извесни потешкотии со англискиот јазик. За оние кои имаа потешкотии со англискиот јазик, се погрижив да им помогнам – им ги преведов текстовите на македонски, најдобро што можев.

А сега, да ја започнеме приказната за создавањето и развојот на денешната грчка држава, една од нашите не баш најдобри соседи за кој би се можело нешто добро или пофално да се рече од наша, македонска страна. Но сепак,  нема  чаре од поплаки или враќање лошо за лошо. Од тоа нема корист никој, туку само обновување на насобраните горчини, меѓу двата соседни народи. И ако доцна, вистината излегува пополека на виделина и ќе помине некое време, кога помладите генерации, соочени со историските факти и заблудите на двете страни од границата, ќе седнат заедно и ќе си ги подадат рацете во знак на создавање нови околности за поарни и поцивилизирани, добрососедски односи.

ГРЦИТЕ НЕ СЕ КАДРИ ДА ИМААТ СВОЈА ДРЖАВА, А КАМОЛИ СО НЕА ДА ВЛАДЕАТ

На 27 септември 1831 година на главниот пат за Нафплиос – пристаниште и прва грчка престолнина, беше убиен Јоанис Каподистриа, првиот претседател на новата грчка држава. Со неговото убиство, земјата ја зафати нов бран на граѓански воини. Наскоро потоа постана јасно, дека сите напори на грчкиот претседател да создаде нова функционална и самостојна, а при тоа снажна држава, останаа само желби. Излезе на виделина, дека Грците не се кадри да имаат држава, а камоли со неа успешно да владеат.

Овие беа зборовите на водителот на грчката ТВ СКАЈ, поведувајќи не низ историските настани, кои доведоа до создавање на денешната грчка држава по прв пат со името Грција и потоа продолжи: –

– Заглавени во времето на Отоманската империја, не беа способни да и’ погледнат во очи на иднината. Правејќи огромни напори да си ги задржат привилегиите кои ги уживаа до тогаш, упорно се противставуваа на секакви промени во нивниот статус  кои, неспорно, би дошле со новата грчка држава, во која би завладеел редот, правото и правдата.

Гледајќи од страна што се случува на овие простори, европските сили веќе им најдоа лек на несложните Грци. Само требаше да се изнајде идеологија и лидер, кои би ги обединил. И така и’ дојде времето на монархијата и создавањето на првото грчко кралство. Картите беа фрлени  и потоа отпочна играта, како следи.

 

СОЗДАВАЊЕТО НА ПРВИОТ ГРЧКИ НАЦИОНАЛЕН  МИТ

Во 1832 година, грчката кралска круна не беше нешто што се посакувa како нужна потреба, туку  само нужда, наметната од надвор. После долгите немири и безмилосни уништувања, zемјата немаше што добро да понуди. Многу поважно од самото создавање на некаква си нова држава беше идеата која би ја поврзувала денешницата со старата грчка култура, која нестана од овие простори пред многу векови, но со тоа и од главите на сегашните луѓе.

Баварскиот монарх Лудвиг I, еден од најголемите хеленовљубеници, отиде најдалеку во реализацијата на тој проект. Неговата сестрана поткрепа на грчката револуција за самостојност од Отоманската империја и создавање на кралството грчко на чело со неговиот малолетен син Ото, не беше случаен чин.

Во времето кога Англичаните ги крадеа мермерните оставштини од Партенон и ги пренесуваа во своите музеи или приватни збирки, при што најмногу се “истакнал” лордот Хелгин, Лудвиг I внимателно од нив правел копии и ги поставувал на видни места во својата германска држава. Така, тој од Минхен направил нова Атина во срцето на Бавариа, чија убавина и денес пленува и ако далеку од самата денешна Грција, како вечен спомен на неговата љубов кон Хеленизмот и неговите вредности.

За времето на Лудвиg I, во образовниот систем на оваа мала германска држава је воведен старогрчкиот јазик како обавезен наставен предмет, заедно со литературната и научна оставштина на учените луѓе од античка Грција. Така, Бавариа до 1830-тите години постана центар на вљубениците во Хеленизмот, а Минхен изгледаше повеќе грчки од самата Атина. Многу баварски уметници, подржани од самиот Лудвиг I, често патуваа низ грчките простори инспирирани од класичното минато на земјата и длабокиот романтизам на времето.

Извор:bukovo36.com

Целиот текст овде можете да го прочитате. 

loading...

Поврзани статии