Европска Македонија обвинета за убиство на македонска Македонија

Македонија на референдумот за „европска Македонија“ изгласа „македонска Македонија“! Со порака дека само така ќе се „дружиме“ во овие организации. Сите Македонци, и дома и од дијаспората, им порачаа на северномакедончињата дека нема „играчки“ со Македонија! Наративите за пописот што бил неопходен за остварување на цензусот, кои едногласно ги пропагира владино-невладината мрежа, пропаѓаат токму од институцијата што би требало да нѐ запише како Република Северна Македонија, Обединетите нации. Во статистиката на ОН, ПЈРМ има 2 милиони жители. Владата да си се жали за својата неработливост и грешка во чекори референдум-попис…

повеќе

Порталите од соседството: Македонците им одржаа лекција на народите, капа доле!

Историјата некогаш своите важни партии ги игра на мали „шаховски“ табли, пишува српскиот портал Факти.орг. А токму тоа го направи на 30-ти септември 2018-та во Македонија, која на лукав референдум – на кој прашањето гласеше „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на договорот меѓу Република Македонија и Република Грција“ – се впиша и во историјата на Европа. Креаторите на македонската мека обоена револуција – која завршницата ја доби во избори и постизборни манипулации кои на власт ја донесоа америчко-шиптарската коалиција на чело со експонентот на тајните служби…

повеќе

Зеколи: Да направеше Заев чистка на министри ќе имаше легитимитет да зборува, вака бара жртви секаде сем кај себе

Арсим Зеколи повторно жестоко го критикуваше Зоран Заев и владата на СДСМ. Имено тој на својот Твитер повторно го коментираше, како што вели, пропаднатиот референдум и пост-референдумските акции на Заев. Зеколи посочи дека по неуспешниот референдум Заев требало да направи чистка во Владата, со што аргументите вперени кон опозицијата “за добро на земјата” ќе беа издржани. За крај истакна дека Заев се однесува неозбилно, барајќи промена и жртва од сите – сем од себе и своите. -Доколку Заев направеше министерска чистка во неговата Влада веднаш по пропаднатиот Референдум, денес аргументите…

повеќе

Мицкоски на средба со претставници од политичките партии од Коалицијата: Власта доживеа дебакл и го загуби легитимитетот од народот

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денес оствари средба со претставници од политичките партии од Коалицијата „За Подобра Македонија“. -На средбата се разговараше за актуелната политичка ситуација, за референдумот, како и за периодот што престои. Коалицијата за Подобра Македонија оцени дека договорот на Заев со Грција е отфрлен од граѓаните кои јасно и недвосмислено се изјаснија против на референдумот, оние кои гласаа против и оние кои апстинирајќи одлучија да не го поддржат, стои во партиското соопштение и се додава: „Власта воедно доживеа дебакл и го загуби легитимитетот од народот. Таквата порака…

повеќе

Мицкоски: Власта од ден во ден ја покажува цела своја немоќ и расипаност- ова не е веќе битка само за името, ова е битка на секој еден човек за Македонија која победува

Референдум на кој се полнеа кутии, афери кои продолжуваат, тендери кои се бројат во милиони, филм кој власта го забрани, режисер чие семејство е мета на прогон, како и многумина други… е тажната слика за Македонија денес, напиша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на својот Фејсбук профил. -Власта од ден во ден ја покажува цела своја немоќ и расипаност, ова не е веќе битка само за името, ова не е веќе битка само против еден штетен договор, ова е битка на секој еден човек против оваа власт, за правда, за…

повеќе

Моќен Вардар, моќно гази: РНЛ доби лекција за четири од четири во ЛШ!

Ракометарите на Вардар ја продолжија победничката серија во најелитната ракометна конкуренција во Европа, Лигата на шампионите, откако славеа и во четвртиот натпревар по ред. За разлика од претходните мечеви, на овој против Рајн Некар Левен, вардарци мораа да се помачат многу повеќе, но на крајот бодовите останаа во Скопје, 29-27. Вардар ниту еднаш не водеше во првиот дел. Гостинските ракометари беа тие што ја диктираа и играта и резултатот. „Црвено-црните“ првиот гол од игра го постигнаа преку Скубе во 6. минута. По 3-3, Петерсон и Шмид за првпат му донесоа на…

повеќе

Единствена Македонија во средата го исклучи од партијата Стефан Влахов Мицов – еве ги причините!

Извршниот комитет на Единствена Македонија во средата го исклучи од партијата Стефан Влахов Мицов поради докази и факти дека Влахов-Мицов дејствувал на начин кој не одговара на неговиот политички статус во партијата. Владата на Бранко Црвенковски своевремено го назначува Влахов-Мицов на работа во Македонскиот културен центар во Софија каде имал задача по линијата на работа – македонски врховизам на македонската тајна служба да ги обработува Македонците во Пиринска Македонија. Покасно, Влахов Мицов е префрлен во Скопје каде со потпис на тогашниот премиер Црвенковски добива на користење државен стан и вработување…

повеќе

КОЛУМНА НА ЈАНЕВСКИ: Како Столтенберг и Хан го потврдија „Бојкотирам“

Додека Столтенберг се удираше од земја пред некој ден објаснувајќи ни дека не сме можеле да станеме членка на НАТО ако не се саморасчлениме, Хан му прати абер на Заев да не оди на избори, туку да ја средел работата во Собранието. Со што ја покачи цената по пратеник која сега веројатно е поголема од оние 250.000 евра кои се споменуваат за глас за измена на Уставот, така како што Грците напишале. И двајцата меѓутоа, одиграа неверојатно поволно во полза на тие што бојкотираа. Ако некој и имаше дилема дали…

повеќе

Демаскирање на злото

Целта на оваа колумна е демаскирање на злото. А злото, веќе реков, треба да се обелодени, разголи и изобличи. Неговото јасно обелоденување траеше од 27 април 2014 до 27 април 2017 година, преку специјалната војна на изопачената светска моќ против Република Македонија. Од наредбата на „длабоката држава“ Заев да не ги признае изборните резултати, преку прислушуваните разговори доставени од британските тајни служби, до злосторничкото здружување за нелегитимен избор на собранискиот претседател и уништување на движењето „За заедничка Македонија“, целта не беше рушење на власта на ВМРО-ДПМНЕ, туку рушење на македонската…

повеќе

Сега ниту со 120 пратеници не може да се смени името ​

Во Законот за референдум е пропишано дека две години по одржувањето референдум, не може да се постави истото референдумско прашање. Во практика тоа значи дека по ваквиот исход на референдумот, Република Македонија две години е заштитена од обиди за менување на уставното име. Во наредните две години не може да се постави референдумско прашање за спогодбата од Мала Преспа, тврдат правните експерти КАКО РЕФЕРЕНДУМОТ ЗА ПРОМЕНА ВСУШНОСТ СТАНА РЕФЕРЕНДУМ ЗА ОДБРАНА НА ИМЕТО Постреферендумската збунетост во врска со чекорите што треба да се преземат понатаму за имплементација на спогодбата од…

повеќе