Села: Не треба оставка, туку разрешување на Османи и веднаш на избори

loading...

Статија на ОХРИД24

Ние како партија го кажавме нашиот став и да се случат уставните промени, мислам дека владата веќе нема морален кредибилитет за да продолжи, а Заев за да продолжи како премиер, како што изјави на „1ТВ“ Зијадин Села.

„И да се случат уставните промени, подобра варијанта би била и така веќе со закон треба да има техничка влада“, смета претседателот на Алијанса за Албанците.

При своето излагање во еден момент Села напомена дека Зоран Заев немаше да има влада ако не го исполнеше условот да се прифати Законот за јазици. Зарем Бујар Османи е незаменлив, прашува Села, коментирајќи го отворањето на истражна постапка за вицепремиерот и министер за евроинтеграции од редовите на ДУИ.

„Бујар Османи утре треба, не да даде оставка туку да биде разрешен од премиерот, бидејќи која е логиката да ги гледаме Груевски и Мијалков да одат по судови, а не се дел од власта. Или ако не го разреши, нека ги земе и нив и нека бидат дел од власта и нека продолжат барем полесни ќе им бидат уставните промени“, вели Зијадин Села.

Според Села, граѓаните веруваа дека Заев ќе им понуди нешто ново, но ги разочара, затоа решение се само избори.

loading...

Поврзани статии