Мицкоски: Нападот врз ВМРО-ДПМНЕ е напад врз слободата

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на својот Фејсбук и’ се обрати на власта обвинувајќи за ефтин театар и напад врз слободата. Во продолжение следува интегрален текст од неговиот Фејсбук статус. -Помина една година од убиството во Аеродром на младиот Мартин Јанушев, поминаа неколку месеци од убиството на младиот навивач Саздо и редица други убиства за кои сторителите се во бегство, а нивните лица не се знаат во јавноста. Немаше вакви спектакли како вечерва, а требаше да има, затоа што таму некаде, во некое ќоше или улица, вечерва шета осомничениот за…

Кривичен суд: Замрзнат имотот на осомничените во „Империја“

Судија на претходна постапка постапувајќи по барања на Специјалното јавно обвинителство за привремено одземање на имот заради обезбедување во случајот „Империја“ определи привремени мерки и забрани отуѓување и располагање со уделите на правните лица за кои постои основано сомнение дека била прибавена имотна корист со кривичните дела за кои се води постапката, информираат од Кривичниот суд. Воедно, како што велат од Судот, судија на претходна постапка, постапувајќи и по два предлога на надлежното обвинителство за привремено запирање на извршување на финансиски трансакции на правните лица за кои постои основано сомнение дека со кривичните…

(ФОТО) Скандал: Полицијата упаѓа во опозициската ВМРО-ДПМНЕ

Полицијата откако не го најде Никола Груевски во неговиот дом, се упати во седиштето на ВМРО ДПМНЕ. Во моментов полициски службеници ги проверуваат колите кои излегуваат од подземниот паркинг на ВМРО-ДПМНЕ, а како што пренесуваат дел од медиумите се чека и налог за претрес на седиштето на најголемата парија во државата. Во современата македонска историја, не се памети полицијата да упадне во штабот на опозициска партија.

ИНФОМАКС: За да го апсат Груевски, испратени обезбедувачите на Љубе и Шекеринска

Забеганоста на власта во спроведувањето на одмзадата поради 11 годишната изолација на СДСМ во опозиција, нема граници, а вечерва, во станот на екс-премиерот Никола Груевски се случува вистинска драма во режија на инквизицијата на власт, пишува ИНФОМАКС. Имено, постапувајќи по налог на Кривичниот суд, за стражарско приведување на Никола Груевски, испратени се полициски службеници, за кои актуелната власт инсинуира дека во времето на ВМРО-ДПМНЕ биле уапсени по нарачка на Груевски. Повеќе на ИНФОМАКС.

Скандалозно: Одбрани провладини медиуми следат политички прогон врз Груевски во живо

Полицијата не го најде Груевски дома, Како течеше акцијата на Алфите за приведување на Груевски, Груевски се крие во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ или избегал од државата?. Ова се дел од насловите на провладините медиуми кои помпезно со камери го имаат „запоседнато“ влезот во зградата на екс премиерот Никола Груевски и вршеа директен пренос од акцијата на МВР. Оттука се наметнува прашањето од каде медиумите знаеја точно во колку саат ќе биде спроведена акцијата на МВР и дали извори од МВР ги брифираат. Неодамна премиерот Зоран Заев најави постапка за помирување. Тој повика…

МВР ја објави потерницата за Никола Груевски

Министерството за внатрешни работи вечерва на веб страницата ја објави потерницата со фотографија од Никола Груевски. Засега нема информации каде е Груевски и дали полицијата го лоцирала. Од МВР велат дека ќе ја информираат јавноста штом ќе имаат конкретни сознанија од постапувањето по потерницата. Кривичниот суд во Скопје попладнево во 16.30 часот достави до СВР Скопје барање за издавање потерница против Груевски, откако и зминативе денови судските курири не успеаја да му го достават решението на Советот на судот со кое се одбива неговата жалба во однос на двегодишната затворска казна за…

„Револуцијата“ на Бенон го вклучи алармот во Европа

Популистите и десничарите дојдоа на власт во Италија, Унгарија и во Австрија, а сега поранешниот советник на американскиот претседател Доналд Трамп има планови да го зголеми нивниот број во Европа Бившиот советник на претседателот Доналд Трамп, Стив Бенон, сонува за десничарска „супергрупа“ што ќе ги постави популистички темели во Европскиот парламент по наредните европски избори. Но неговите планови наидоа на остра реакција од целиот политички спектар. Иако еден германски министер ги нападна „омразата и лагите“ на Бенон, некои популистички политичари во Европа не беа импресионирани од идејата на еден Американец,…

ИВАНОВ ВО ПАРИЗ ГОСТИН КАКО ПРЕТСЕДАТЕЛ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА: Франција конечно не призна под уставното име?!

На изненадување на Скопје и Атина француската влада вчера за време на прославата на 100 години од крајот на првата светска војна го смени својот официјален став за името на Македонија, пренесува Експрес.мк На официјалната листа на гости на настанот на кој присуствуваше претседателот Ѓорге Иванов земјава беше прикажана како Република Македонија. Под притисок на Грција која важи за земја пријател на Франција властите во Париз никогаш предходно не го користеле уставното име Република Македонија на мултилатарални меѓународни настани а официјално земјaва ја признаваат и именувале како Поранешна Југословенска Република…

ВМРО-ДПМНЕ не се јавува како организатор на протестот на 18 ноември, останува силно против договорот од Преспа

Одговор на новинарски прашања на Игор Јанушев, Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ Прашање: Господине Јанушев дали го поддржувате најавениот протест, најавен за 18-ти месецов кои се организира од страна на повеќе граѓански здруженија, институции со цел поништување на уставните измени?Ваш став? Одговор: ВМРО-ДПМНЕ во целиот овој период јасно кажува и ниту еднаш не рефирираше од ставот дека сме против договорот и против уставните измени. Се што се организира, а е во насока каде што се изразува незадоволството и се што оди во насока на против односно на Уставот, против договорот којшто Заев…

Никола Груевски е жртва на политичкиот прогон!

СООПШТЕНИЕ ДО ЈАВНОСТА Иницијативата Правда за Никола Груевски искажува незадоволство од одбивањето на второстепената жалба за одложување на издржувањето на казната на поранешниот претседател на Владата Никола Груевски. Со ова уште еднаш се потврдува политичкиот прогон што се спроведува во Република Македонија. Никола Груевски е жртва на политичкиот прогон! Јавно бараме претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов да го искористи уставно загарантираното право и да ги заштити недолжните граѓани кои се опфатени со овој прогон. Како народ и држава несмееме да дозволиме затворите во Република Македонија да се исполнат со…