Штрајк на вработените во државниот сектор во Грција

loading...

Синдикатот на вработените во јавниот сектор во Грција (АДЕДИ) за денеска закажа 24-часовен штрајк, во кој учествуваат и лекарите и болничарите од државните болници, наставниците и воспитувачите и вработените во општините.

Поголеми плати и пензии, укинување на воведениот данок на сопственост, постепено враќање на 13-та и 14-та плата, намалување на ДДВ-то, запирање на приватизација на државни организации, се дел од барањата на синдикатот.

Членовите на синдикатот на вработените во државниот сектор ги повикаа граѓаните на протест во 11 часот по локално време во центарот на Атина.

Собир во центарот на Атина закажа и синдикатот ПАМЕ на Комунистичката партија на Грција.

loading...

Related posts