За премиерот можно е помирување, преку помилување, за оние кои не биле насилни на 27 април

loading...

Се поверојатно е дека пратениците првообвинети за настаните од 27 април, кои гласаа за уставните измени, ќе се извлечат од кривична одговорност, односно нема да одговараат за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста. Синоќа премиерот Зоран Заев, во интервју за 360 степени, запрашан дали постоел политички пазар за обезбедување на 2/3 мнозинство по цена на слободата на пратениците Крсто Мукоски, Сашо Василевски и Љубен Арнаудов, рече:

-Нормално дека разговарав со луѓе, нормално е да разговараме со луѓето. Како да ги постигнеме нашите цели? Јас транспарентно секогаш зборувам, само потврдувам тоа што јавноста го знае, очекува или слично. Сум разговарал со луѓе и продолжувам да разговарам. Политичкиот процес е моја должност, јас тука ја носам одговорноста – изјави премиерот Заев. (2.00)
За Заев постои опција за можно помирување преку помилување само за тие што не учествувале во насилството.

– Јас знам лично дека не е мое да коментирам во делот на Судот дека тие луѓе не се терористи тоа го знам и во делото на обвинувањето и во се, тоа е право на обвинителство на судот и слично и јас знам дека должност на државата да влеземе и да направиме се да се помириме внатре, ако сакаме Македонија да биде нормална земја и да оди напред – истакна Заев.

Жешкиот костен за наводна амнестија, Заев го префрла во рацете на собраниската комисија за помирување, која беше формирана пред десетина дена, по барање токму на пратениците на ВМРО ДПМНЕ, кои опозициската партија ги исклучи бидејќи дадоа поддршка на политиките на премиерот за уставните измени.

Катерина Гетева

Алфа ТВ

loading...

Related posts