Новиот Закон за социјална заштита им ги крати правата на лицата со хендикеп

loading...

Со новите законски измени власта им одмага на лицата со хендикеп. Со Нацрт-измените на Законот за социјална заштита Владата ќе им ги скрати правата, велат од здружението „Хендикеп-плус“.

-Ние како претставници од невладини организации кои се занимаваат со оваа проблематика посочуваме на неколку суштински измени во законот кои се на штета на лицата со хендикеп, на пример, со членот 53 се предвидува „лице кое користи надоместок заради попреченост истовремено не може да користи и надоместок за помош и нега од друго лице“.

Од „Хендикеп плус“ посочуваат дека според измените на Законит за социјална заштита, корисник на услугата помош и нега во домот која се реалзиира со надоместени трошоци од ЦСР истовремено не може да користи услуга лична асистенција.

-Така, доколку се одлучат да ја користат услугата за персонален асистент за домашни услови, лицата со хендикеп ќе треба да се откажат од додатокот за туѓа нега. Истиот изнесува 4.400 денариВладата со ова сака да ни ги земе парите коишто законски ни следуваат. Доколку пак лицата со хендикеп се одлучат да користат персонален асистент за секојдневни активности, ќе треба да се откажат од половина од сумата за додаток за мобилност кој изнесува 7.090 денари. Значи повторно Владата крати од граѓаните на кои помошта им е најпотребна. Имено за мерката персонална асистенција беа потрошени големи пари од страна на Светска банка и европските фондови. Новите законски измени се спротивни на Конвенцијата за правата на лица со хендикеп која што РМ ја ратификуваше во 2011.

Здружението „Хендикеп плус“ прашува како со непочитување на правата на граѓаните, односно правата на лицата со хендикеп ќе се стремиме кон едно општество за сите. Срамно е доколку некој побара персонален асистент да ги изгуби средствата за туѓа нега и мобилност. Здружението бара од министерката за труд и социјална работа Мила Царовска итно стопирање на процесуирањето на овој закон каков што е, бидејќи по редот на нештата прво се отвора јавна дебата кајшто ќе бидат вклучени лицата со хендикеп, нивните организации како и родителите на децата со хендикеп.

-Закон како ваков не е добар со новите предложени реформи. Иститот нема да обезбеди социјална заштита и сигурност за лицата со хендикеп. Не е добро државата да ги условува надоместоците, особено во услови кога имаме економска сиромаштија кај лицата со хендикеп. И се прашуваме зошто е формираното националното координативно тело за имплементирање на КПЛХ кој е под директен надзор на премиерот Заев, а истото молчи по нацрт-законот кој е спротивен на КПЛХ (член 5 и член 28).

РЕПУБЛИКА.МК

loading...

Related posts