Почина Стивен Хиленгбург – креаторот на Сунѓерот Боб


Американските медиуми денеска ја пренесуваат жалната вест за смртта на Стивен Хилебург, креаторот на еден од најобожуваните ликови од анимираните филмови – Сунѓерот Боб. Хилербург имаше 57 години.

Стивен Хилербург е креатор не само на ликот на Сунѓерот Боб, туку и на сите останати ликови и светот во кој живее најпознатиот сунѓер од дното на морето.

Како што објави телевизиската мрежа Nickelodeon, каде што се прикажуваше анимираната серија „SpongeBob SquarePants“, Хилербург починал денеска како последица на амиотрофична латерална склероза, болест со која живееше веќе подолго време.

Хилербург може да се пофали со дури 242 епизоди на популарната анимирана серија, кој иако е еден од омилените детски франшизи, сепак многумина го сметаат за цртан филм за возрасни. Апсурдниот хумор и уникатните ликови го направија овој анимиран филм еден од култните телевизиски феномени на модерното време.

Првата епизода е прикажана уште дамнешната 1999 година, а Хилербург велеше дека оригиналната идеја ја добил уште во 1986 година. Сунѓерот Боб се појави и во неколку долгометражни анимирани филмови кои исто така беа одлично прифатени од публиката и критичарите.


ТВ и СЕРИИ

Повеќе