МВР: Откриени 185 кг марихуана во викендичка на струмичанец


Во викендичка во населбата Суви Лаки на планината Огражден, сопственост на М.П.(63) од Струмица, полицијата откри 185 килограми марихуана, соопшти на денешната прес-конференција портпаролката на СВР Струмица, Хризантема Рендевска.

По наредба на судија  во претходна постапка при Основниот суд во Струмица бил извршен претрес во викендичката.

– Во помошна просторија, остава-шупа, пронајдена е марихуана спакувана во 18 полиетиленски кеси со маса од околку 185 килограми. По преземените истражни дејствија, во викенд куќата исто така пронајдена е марихуана. Струмичанецот  М.П (21) е лишен од слобода и е задржан во СВР Струмица, информираше Рендевска.

Инаку, по уште две лица полицијата трага, а се работи на целосно расчистување и документирање на настанот.


 

Повеќе