Кондурите на Шекеринска од 27 април до солзи ги насмеаја судиите и обвинетите за настаните во Собранието


Обвинетиот Мунир Пепиќ давајќи го својот исказ пред судот и раскажувајќи што видел лани за време на настаните во Собранието опишуваше како ги евакуирале повредените. Опишувајќи го моментот на евакуацијата на Шекеринска, обвинетиот Пепиќ појаснуваше дека бидејќи Шекеринска била впечатлива, морале да ја маскираат во докторка.

„Ја понудив Шекеринска со вода, но таа само ми одмавна со главата, како да беше во безсознание. Ѝ облекоа бел мантил, ѝ дадоа кожена торба која ја земавме од лекарка, а Нино Тодоров ѝ стави докторска капа на главата. Ја погледнав, ѝ ги видов чевлите и ѝ реков – сѐ е во ред госпоѓо Шекеринска, ама кондурите не ви личат за докторка, рече обвинетиот Пепиќ. Ваквото негово појаснување до солзи ги насмеа судиите, а и сите останати во судница во Кривичниот суд. Обвинетиот Пепиќ рече дека во цела таа напната ситуација тогаш, сакал да внесе доза на хумор. Кацарска рече: „Да продолжиме. Стасавме до кондурите на Шекеринска”.

Обвинетиот Пепиќ во моментов одговара на прашањата на обвинетите.


Извор: МКД

Повеќе