Стаменковска: Оваа седница денеска е непотребна, бидејќи Преспанскиот договор одамна не е правно важечки


Со доаѓањето на власт со оваа ненародна Влада нормално е во државата да се случуваат вакви ненародни, против законски и против уставни процедури, ова од собраниската говорница го изјави Невенка Стаменковска од ВМРО-ДПМНЕ.

-И наместо како секоја нормална држава во овој момент ние да дискутираме за пораст на економијата, да најдеме пари за успешните ученици, да се фалиме за меѓународни успеси, да зборуваме за капитални инвестиции, ние се занимаваме со продажба на државата која што ја прави СДСМ. Имаме секојдневно вработување на партиски кадри, а во најголемиот дел од случаите тоа е непотизам, тендерите завршуваат во рацете на СДМС и нема пари за студентските домови иако вие дадовте младинска гаранција. Нема пари за капитални проекти и нема живот за граѓаните во Република Македонија. Единствениот проект кои што го работите вие, е проектот за промена на уставното име Република Македонија и ако утре излеземе на избори вие имате само едно да кажете, ја продадовме Република Македонија, го продадовме уставното име Македонија. Истите оние кои денес говорат колку е добро да се смени уставот, се колнеа во своите предци, во деца и се додека дишат уставното име на Македонија нема да биде променето. Но едно од ова е сигурно, дишеме загаден воздух, бидејќи пари за реформи во животната средина нема, немаше ни пари во ребалансот на буџетот  за 2018, нема ниту пари предвидени во буџетот за 2019 година, вели Стаменковска.

Таа вели дека оваа седница денеска е непотребна бидејќи на сите одамна треба да ни биде јасно дека Преспанскиот договор одамна не е правно важечки.

-Ваков договор може да потпише само претседателот на Република Македонија, ваков склучен договор е ништовен, бидејќи не е објавен ниту во службениот весник на Република Македонија, а тоа е прв и единствен услов по него да се дискутира, дебатира и да се преземат правни дејствија кои произлегле од тој договор. Врз основа на тој договор се распишува референдум кој беше неуспешен на 30 септември 2018 година, со само 37 проценти излезност и овој референдум ќе имаше успешност доколку СДСМ не најде начин да ги полни кутиите на одредени места. Иако овој референдум не беше успешен и потврден од ДИК ние требаше тука да завршиме по однос на ова прашање, но кога власта е водена од СДСМ ќе продолжиме со незаконско, потенцира Стаменковска.


 

Повеќе