ОДЕТЕ СИ СО АРНО, ДОДЕКА СЕ УШТЕ НЕ Е ДОЦНА: Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ со порака до власта на СДСМ!

Република Македонија е единствената држава во Европа во која се води постапка против најголемата опозициска партија и во која што политичкиот прогон станува основен начин на делување на власта. Република Македонија е единствената држава во Европа каде што поранешни функционери се испраќаат во притвор врз основа на фабрикувани службени белешки, а се носат пресуди какви што ќе нарача премиерот кој што три пати претходно е аболициран за тежок криминал, изјави на прес-конференција генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев кој додаде: „Наместо да оди напред, со секој изминат ден со однародената…

Трипуновски: Со моето бркање од работа, власта потврдува дека се забранува критиката и различното мислење во институциите

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев на денешната прес-конференција истакна дека му е прекинат работниот однос на Цветан Трипуновски, државен советник во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, поради тоа што е член на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ и заради тоа што во име на партијата јавно изразувал сомнеж дека актуелната политика на власта оди на штета на земјоделците. По ова на социјалните мрежи се огласи и Трипуновски чиј статус ви го пренесуваме интегрално во продолжение. -Црнилата кои ги донесе СДСМ надвиснаа над секоја пора од нашето општество. Власта преку политички…

Венецијанската комисија со позитивно мислење за измените на Законот за судови

Македонија доби исклучително позитивно мислење од Венецијанската комисија за измените во Законот за судови, кој е во собраниска процедура, соопштуваат од Министерството за правда. Во соопштението наведуваат дека на денешната седница на Венецијанската комисија, мислењето е усвоено, а оттаму истакнуваат дека најголемиот број од мислењата дадени во претходни години се сега имплементирани во законот. Целта на овие измени на законот е усогласување со европските стандарди. Како клучни измени во делот на Законот за судови, се тие што се однесуваат на основите за утврдување дисциплинска одговорност кај судиите. – Постојат повеќе…

Могерини свика состанок со лидерите од Западен Балкан

Високата претставничка на Европска унија за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини на 19 декември ќе организира состанок со лидерите на Западен Балкан, најави Европска комисија. На средбата предвидено е да учествуваат премиерите на Македонија и на Босна и Херцеговина, Зоран Заев и Денис Звиздиќ, како и претседателите на Србија, на Црна Гора и на Косово, Александар Вучиќ, Мило Ѓукановиќ и Хашим Тачи. Сѐ уште не е потврдено дали на состанокот во Брисел ќе присуствува албанскиот премиер Еди Рама.

Шекеринска: Нема ослободување од одговорност на креаторите на 27 април

Нова Македонија Иако бевме жртви на настаните од 27 април имаме одговорност како луѓе во Владата да ѝ помогнеме на државата да продолжи напред кон целта, да се одлепи од дното и да не ги повторува грешките, а единствена шанса за тоа е перспективата во НАТО и ЕУ, истакна министерката за одбрана Радмила Шекеринска во интервју за 1 ТВ, говорејќи за законското решение за делумна амнестија за собраниските настани. За селективната амнестија за 27 април како црвена линија за да поминат уставните амандмани и дали сѐ е дозволено во името…

Хашим Тачи стана врховен командант

По денешното усвојување во косовското Собрание на законите со кои досегашните Безбедносни сили (ФСК) практично се трансформираат во Војска на Косово, во касараната на ФСК „Адем Јашари“ вечерва се одржа церемонија во организација на ФСК и Владата на Косово, јави дописникот на МИА од Приштина. Покрај највисоките претставници на ФСК, на прославата учествуваа највисоките државни раководители на Косово – претседателот на Републиката Хашим Тачи, претседателот на Собранието Кадри Весели и премиерот Рамуш Харадинај. Тие им го честитаа формирањето на косовска војска на припадниците на ФСК и на граѓаните на Косово…

Потврдено: Новинарот Мегалици загина во нападот во Стразбур

Премиерот на Италија, Џузепе Конте вечерва потврди дека младиот новинар Антониo Мегалици им подлегнал на повредите здобиени во нападот на божиќниот пазар во Стразбур. – Голема тага поради смртта на Антоно Мегалици, момчето кое имаше голема страст за новинарството, за радиото, за истражувањето и за европските институции, напиша Конте на Твитер. Радио Еурофоника исто така јави дека Мегалици, кој работеше за нив, починал. Мегалици беше хоспитализиран во многу тешка состојба по нападот на божиќниот пазар во Стразбур, во кој настрадаа четири лица, а повеќе од десет беа ранети. Обвинителството на…

Заев: Немаше мечка во амандманите

(фото: принтскрин Алфа) Видовте, немаше мечка во амандманите, им рече денеска премиерот Зоран Заев на новинарите. Според него, сè околу нивната конечна верзија за која ќе се гласа во јануари било транспарентно и добар дел од барањата на пратениците од опозицијата биле прифатени, па сега очекува и побројна поддршка од нив во конечното гласање. Според него зацврстен бил идентитетот, проширена била грижата за дијаспората со впишување на помалите заедници во неа. Но, не го спомена фактот дека грижата за дијаспората всушност не е и грижа за македонското малцинство во Грција,…

Марш на сексуалните работници овој понеделник во Скопје

Марш на црвениот чадор (фото: Република) Во понеделник, на Меѓународниот ден за СТОП на насилството врз сексуалните работници, во Скопје по 11. пат ќе се одржи Маршот на црвениот чадор. Протесниот марш на сексуалните работници ќе започне од 12 часот од Спомен куќата на Мајка Тереза. Тој е во организација на  СТАР – првиот колектив на сексуални работници Со пораката: „ДЕКРИМИНАЛИЗАЦИЈА СЕГА!“ ги охрабруваме институциите и стручната јавност да го отворат прашањето за регулација на сексуалната работа. Ние и сексуалните работници сметаме дека декриминализацијата на сексуалната работа претставува најдобра политика за унапредување на…

УЈП отворила постапка за даноците на МПЦ ЕКОНОМИЈА

Македонската православна црква според најновиот развој на настаните, не е повеќе над и надвор законите на Република Македонија – НОВА доби информација од УЈП дека “веќе се води постапка со цел да се утврдат состојбите во рамките на МПЦ-ОА – Скопје”. Како што дознава НОВА од извори запознаени со анализите на финансиите на МПЦ, оваа постапка е отворена во 2018 година, а се однесува на утврдување на фактичката состојба- дали МПЦ плаќа даноци што е обврска на сите правни и физички лица, согласно надлежностите на УЈП. Процедурата на УЈП започнува…