Марш на сексуалните работници овој понеделник во Скопје

Марш на црвениот чадор (фото: Република)

Во понеделник, на Меѓународниот ден за СТОП на насилството врз сексуалните работници, во Скопје по 11. пат ќе се одржи Маршот на црвениот чадор. Протесниот марш на сексуалните работници ќе започне од 12 часот од Спомен куќата на Мајка Тереза.

Тој е во организација на  СТАР – првиот колектив на сексуални работници

Со пораката: „ДЕКРИМИНАЛИЗАЦИЈА СЕГА!“ ги охрабруваме институциите и стручната јавност да го отворат прашањето за регулација на сексуалната работа. Ние и сексуалните работници сметаме дека декриминализацијата на сексуалната работа претставува најдобра политика за унапредување на здравјето, благосостојбата и човековите права на сексуалните работници. Овие заложби се засноваат врз потребите на сексуалните работници за заштита на нивните права, за создавање на безбедните услови за живот и работа, како и превенција од насилство и експлоатација, соопштуваат од СТАР.

Повеќе