Македонија со убедлива победа на контролниот натпревар против Србија

фото: Дарко Андоновски Македонската ракометна репрезентација оствари убедлива победа на контролниот натпревар за престојното Светско првенство (СП) во Германија и Данска. Избраниците на селекторот Раул Гонзалес денес во првиот подготвителен натпревар за СП беа подобри од репрезентацијата на Србија во спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје со резултат 37 – 31.  Селекторот Гонзалес испроба повеќе различни варијанти, пред сѐ играта без голман (7 на 6) во нападот, но ја менуваше и формацијата во одбраната. На натреварот покрај стандардните репрезентативци, добија шанса и помладите ракометари во репрезентацијата.  Подмладената ракомента репрезентација ја…

Црквата, идентитетот и јазикот

Нешто како повод и како увод. Спроти овој Божиќ 2019, еве еден текст за црквата, кој не им е посветен само на верниците, можеби повеќе на неверниците и на оние што мислат и тврдат дека црквата е работа само на Господ, а не и на луѓето. Од него може да се види дека некој постигнат успех колку што бил божја волја, толку е резултат на човечка активност и упорност. Текстот се однесува на една од клучните битки на Македонската православна црква со Српскатa. Попрецизно, станува збор за периодот по Втората…

Скандал: Министерот за култура си се частел патување во Виена на предновогодишен концерт

Министерството за култура ги платило трошоците на министерот Асаф Адеми и на уште двајца негови соработници за патувањето на концертот во Виена за што биле потрошени вкупно 2 400 евра, односно по 800 евра за едно лице. Овие трошоци биле за дневници по 118 евра, за хотелско сместување по 420 евра, а за авиобилети по 262 евра за едно лице. За сите други трошоци, како ручеци, пијалаци и друго биле покриени приватно од страна на Министерот и неговите соработници. Како што за „Макфакс“ изјавија од Министерството за култура, трошоците за придружбите (сопругите…

Консензуален кандидат за претседател- хибридно решение на власта?

Коалицоната љубов од интерес ќе се круниса во заеднички претседателски кандидат- партнерите не демантираат децидно, а поситните владејачки партнери се погласно шепотат: премиерот ќе биде консензуалниот кандидат за шеф на државата. Дали воопшто сме спремни за ваква концепција?Марија: дека не ни знаеме што е конселзуален кандидат, дека ние не сме холандија -Македонија треба да е зрела пред се за одржување на фер и демократски избори. Тоа е приоритет кој мора да го одработат партиите, а не да се обидуваат индиректно да ги менуваат модалитетите при избор на претседател на државата.…

Македонските политичари погрешно ја користат моќта на социјалните медиуми

Претседателските избори се речиси пред врата, а јавноста се уште се занимава со калкулации, наместо со информации, велат експерите за медиуми. Граганите треба на време да бидат запознати со личностите за кои ке гласаат и за нивните програми, а не да се чека последниот момент, покажуваат аналзите. Кампањата кај нас најчесто се води преку традиционалните медиуми, но не смее да се занемарува и мокта на социјалните мрежи, а фејсбукот  засега е најкористена алатка за домашните политичари. Но, најчесто, велат експерите, тие погрешно го користат. Анализата напаравена од тимот на специјалисти…

Обвинуваа за превработеност, а сега ја полнат администрацијата со партиски кадри!

СДСМ и Заев, порано обвинуваа за превработеност, а сега забрзано ја преполнуваат администрацијата со нови вработени. Само во последните неколку дена се објавија неколку огласи за вработување во државната и јавната администрација, за кои се предвидени над десетици илјади евра. Денеска одговарајќи на новинарско прашање на прес конференција, премиерот Зоран Заев проба да се брани, односно посочи дека огласите се за испразнети работни места во институциите и јавните претпријатија. Се работи на почеток на година за испразнети места. Тие се испразнети во второто полугодие и само дел од нив пополнуваме.…

Управата за финансиска полиција лани со 74 пријави со кои е оштетен буџетот за 3 милијарди денари

Управата за финансиска полиција во минатата година поднесла 74 кривични пријави за дела со кои е нанесена штета на Буџетот на Република Македонија во износ од три милијарди денари и е значително повеќе во споредба со 2016 година кога биле поднесени 41 кривична пријава со што е нанесена штета од 293 милиони денари. Ова го соопшти директорот на Управата Арафат Муареми на министерот за финансии Драган Тевдовски на средба во Управата. Од Министерството за финансии соопштија дека на работната средба се дискутирало за постигнатите резултати на Управата за финансиска полиција…

Огромен број на разочарани луге сакаат да заминат од Македонија поради катастрофалната состојба и непетспективност

Дури 83,7 отсто од жителите би се отселиле од Македонија Резултатите од направената анкета на тема „Кога би можеле, дали би заминале од Македонија?“ реализирана од порталот Факултети.мк покажуваат дека дури 83,7 отсто од испитаниците би заминале од Македонија кога би имале шанса. Во анкетата која била отворена пред две недели, на прашалникот анонимно одговарале вкупно 1.474 читатели, а во првите неколку часа имале масовно одговарање на три поставени прашања. На прашањето „Кога би имале шанса, дали би заминале од Македонија?“ одговориле 1.491 читател, а од нив дури 1.234 (83,7…

Запленети 300 килограми марихуана, приведен маж од Бутел

Полицијата при претрес на домот на триесетгодишен скопјанец во населбата Бутел откри и заплени 300 килограми марихуана. -Секторот за внатрешни работи Скопје – Единица за недозволена трговија со дрога и оружје денеска, врз основа на судска наредба, а по претходно добиени сознанија од преземени мерки и активности, изврши претрес во домот на Х.Е. (30) од Скопје, општина Бутел. При претресот пронајдени се 229 кеси со марихуана со вкупна тежина од околу 300 килограми. Х.Е. е приведен, а марихуаната е предадена за вештачење и  мерење, соопшти МВР. По целосно документирање на…