ВМРО-ДПМНЕ прашува -Дали власта набавила бланко образци за пасош со новото име Република Северна Македонија?


Почитувани, ова е скандал од најголеми размери.

Zoran Zaev и Oliver Spasovski или го кршат Уставот и законите на Р. Македонија набавувајќи бланко обрасци за патни исправи со променето име Северна Македонија, или прават криминална зделка во која што набавуваат огромна количина обрасци со името Република Македонија, а за десетина дена планираат да го сменат Уставното име.
Министерот за прогон и тортура Спасовски неодговорно и криминално управува со МВР и буџетот на истото.
Според информациите, околу 240.000 бланко обрасци за пасоши чекаат на царина на само неколку дена пред промена на името.
Дали овие обрасци се со името Р. Македонија, или со името кое Заев и Ципрас го договорија?
Доколку обрасците се со името Р. Македонија, а името го променат, тогаш тие 240.000 обрасци ќе бидат неупотребливи, а тоа значи штета на државата од неколку милиони евра. Второ, доколку обрасците се со името на Заев и Ципрас, што ќе се случи доколку името не помине во Собрание?

Заев и Оливер мора да одговорат колку ќе ги чинат граѓаните нивните аматерски потфати, но и да одговараат.
И ќе одговараат за сѐ што досега направија.


Повеќе