Рождество на Господ Исус Христос

А, кога се наврши времето, Бог Го испрати Синот Свој Единороден (Гал. 4, 4) за да се спаси човечкиот род. И кога се исполнија девет месеци од благовеста што архангелот Гавриил ѝ ја јави на Пресветата Дева во Назарет велејќи: „Радувај се, благодатна…, еве ќе родиш и ќе зачнеш син“ – во тоа време излезе заповед од кесарот Август да се попише сиот народ во римското царство. Сходно на таа заповед требаше секој да отиде во својот град и таму да се запише. Праведниот Јосиф со Пресветата Дева појде во…

Папата ги повика европските лидери да не се препукуваат околу мигрантите

Папата Франциск денеска ги повика европските лидери да прекинат со препукувањата во врска со судбината на 49 мигранти „заглавени“ на два хуманитарни спасувачки брода во Средоземно море. – Искрено ги повикувам европските лидери да покажат конкретна солидарност кон тие луѓе – рече Папата на плоштадот пред десетина илјади луѓе. Потпретседателите на италијанската Влада, Луиџи ди Мајо и Матео Салвини излегоа со спротивставени ставови во врска со судбината на мигрантите, кои се „заглавени“ на море. Лидерот на италијанското Движење пет ѕвезди, Ди Мајо инсистира Малта да им дозволи на мигрантите да…

Иванов: Неопходно ни е обновување на духот на солидарноста и социјалната правда

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, по повод големиот празник раѓањето Христово – Божиќ упати честитка до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, архиепископот охридски и македонски, г.г. Стефан, до сите верници од православна вероисповед, членовите на Светиот архијерејски синод и до преподобното свештенство и монаштво. -На првиот Божиќ, семоќниот Бог стана човек и се изедначи со беспомошните луѓе. Господ Исус Христос се роди на маргините на општеството, во обесправено и прогонето семејство кое таа вечер немало ниту свој дом. Оттука, Божиќ е израз на Божјата солидарност со…

КОЛУМНА НА АНГЕЛОВСКИ: Тенџерето како симбол на отпорот

За прв пат, според легендите, тенџерето, како симбол на отпорот, се појавува пред повеќе од две столетија, во времето на освојувањето на американскиот континент од страна на европските освојувачи. Имено, американските домородци, Индијанците, кога за првпат ја виделе железничката пруга и парната локомотива како бревтајќи се движи по неа, не само што панично се исплашиле од тоа чудовиште, туку, со право, го сметале за симбол на освојувањето на нивната земја. Кога подоцна го виделе експрес лонецот како поусовршена верзија на древното тенџере, тие, уплашени од неговото пиштење, многу слично на…

ИЛЧЕ Стојановски – “СИТЕ ЌЕ ИЗГИНЕМЕ ЗА МАКЕДОНИЈА”

ЗОШТО ОВОЈ ЈУНАК ДЕНЕС НИКОЈ НЕ ГО ЗНАЕ? Се ближи годишнината од грозоморниот масакр кај Вејце каде осуммина бранители маченички си го дадоа животот во одбрана на суверенитетот и интегритетот на Македонија… Да се потсетиме на ликот и делото на ИЛЧЕ СТОЈАНОВСКИ, неговите последни зборови вечно нека им одѕвонува во ушите на оние кои ја продадоа патролата кај Вејце и ги испратија во маченичка смрт. Уште при првите истрели, тројцата полицајци Марјан Божиновски, Кире Костадиновски и Бошко Најдовски, зазеле позиции зад возилото, но, за жал, брзо се здобиле со тешки…

Османи: Ќе бидам искрен, амнестијата е за да се обезбеди мнозинство за уставните измени

Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи во интервју за телевизијата Алсат-м призна дека Законот кој воено нуди селективна амнестија за случувањата од 27 април, а кој беше донесен пред крајот на годината, бил во функција на обезбедување мнозинство за уставни измени. – Некои постапки се преземени во функција на успешното имплементирање на најголемиот приоритет верувам дека и Брисел ќе има разбирање за околностите тука и за внатрешните контексти, особено имајќи го предвид тоа дека овие мерки се преземени во рамките на црвените линии кои ги определивме претходно, рече вицепремиерот Османи. Прашан кои…

Интервју на „Лидер“ со Димитар Апасиев: Секоја наредна влада ќе има право да го раскине договорот Димитров-Коѕијас!

Интервју на ЕКОНОМСКИ ЛИДЕР Универзитетскиот професор Димитар Апасиев со своето темелно познавање на правото и својата „Defensor Plebei” филозофија, во периодот пред и по референдумот за промена на името – се наметна како еден од ретко храбрите политичари кои без ракавици на јавноста во Македонија и ја исцртаа суштинската ситуација. Токму затоа, на само 3 дена од почнувањето на седницата во Собранието со која ќе се менува уставното име, одлучивме да направиме интервју со него во кое на нашите читатели ќе им ја демонстрираме правно- политичката небулоза која во моментов…

Слушнете ја „Небо и земја“: Најубавата македонска божикна честитка за 2019 година (ВИДЕО)

Здружението „Бадникови поворки“ направија божикен подарок за верниците со спот за песната „Небо и земја“ во која учествуваат Елена Ристеска, Влатко Лозаноски, Викторија Лоба, Димитар Андоновски, Некст Тајм, Љубојна, Златно Славејче, Ивица Јанкуловски (студио Алшар), Владимир Димовски (аранжман), Петар Христов (кларинет), Тимко Чичаковски (канон), Симона Богоевска (харфа), Владимир Цветковски ,(виолина), Владимир Димовски (виола), Кирил Јосифов (виолончело), Митко Иванов (контабас).

Г.Г. СТЕФАН: Да чуваме се што е македонско, славно име имаме ќе пробаат да ни го земат

Изминатата година беше мошне турбулентна на политички, но и на црковен план. Македонските владици во неколку наврати се изјаснија и за прашањето за референдумот што се случи минатата година, но и за евентуалната промената на името на државата, како и што би значело тоа за името на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. МПЦ на Црковно-народниот собор во струшко Калишта апелира за национално единство, со препорака да се употребат сите сили за зачувуваше на националниот и духовниот идентитет на македонскиот народ и сѐ што е македонско, како и да не…

Симон Трпчески во Белград приреди вистински празник на македонската традиционална музика

Пијанистот со светско реноме Симон Трпчески со својот емотивен проект „Македонисимо” , во Белград приреди вистински празник на македонската традиционална музика. Во преполната сала на престижниот „Коларац“ со„ Македонисимо“ во изведба на Симон Трпчески, гледачите имаа ретка можност да уживаат, преку виртуелната обработка на најубавите македонски традиционални мелодии, главно од играчки карактер, кои специјално за  петчлениот камерен состав ги обработи композиторот Панде Шахов. „Многу ми е мило што сум во Белград, кој е еден голем центар, со голема традиција и гледачите ќе можат да чујат музика којашто ја познава и…