Ѝ дувал на змија во уста, па потоа зажалил: Животното во еден момент загубило контрола!

Змиите многумина не можат да ги видат ниту на фотографија, а камоли да си играат со нив. Меѓутоа, во земјите каде тие се вообичаена појава и можете да ги видите на секој чекор, стравот од нив е веројатно доста помал, па на луѓето сешто им паѓа напамет. Така едно младо момче фатило змија и одлучило да си поигра со неа. Ја држело за телото, околу половина метар подалеку од нејзината глава и ѝ дувало во устата. Змијата постојано се обидувала да го гризне, сè додека тоа не ѝ успеало. После…

Природни начини против ниско либидо

Намаленото либидо може да доведе до напнатост во односот меѓу партнерите. Лукот е последното нешто, што човек би го земал пред да се оддаде на интимност, Но, тој зеленчук со специфичен мирис се препорачува од експерти за подобрување на сексуалната желба. Босилекот има сличен ефект, велат меѓународни експерти. Ароматичниот зачин се користи илјадници години во алтернативната медицина. Босилекот содржи флавоноиди, кои се особено корисни за мажи, кои страдаат од еректилна дисфункција. Истражување на специјалисти од Универзитетот Харвард покажало дека претставниците на посилниот пол, кои консумирале храна богата со флавоноиди најмалку…

Мицкоски: Очекувам голема победа на ВМРО-ДПМНЕ на претседателските избори

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски очекува победа на партијата на претстојните претседателски избори. -Јас лично очекувам една голема победа на ВМРО-ДПМНЕ на следните претседателски избори, рече Мицкоски, во изјава за новинарите пред Соборниот храм во Скопје каде присуствуваше на божиќната литургија. Тој информира дека партијата штотуку го објавила конкурсот за избор на кандидат за претседател. -ВМРО-ДПМНЕ е политичка партија која транспарентно се обраќа кон граѓаните и кон сите оние заинтерсирани кандидати кои сакаат да аплицираат на конкурсот, а се разбира ги исполнуваат условите кои што се со закон пропишани. Конкурсот…

Владика Петар: Се надеваме годинава и ние да се израдуваме како Автокефална црква

Се надеваме до крајот или во текот на оваа година и ние да се израдуваме како Автокефална црква, признаени од Вселенската Патријаршија и од останатите помесни православни цркви, изјави владиката Петар, одговарајќи на новинарското прашање во врска со тоа дека Украинската црква Божиќ го пречека со томос за автокефалност од Цариград и дали МПЦ може годинава да се надева на тоа. Тој денеска во Прилеп го благослови традиционалниот Божиќен ручек за околу 500 деца од цела Македонија. Владиката Петар признава дека во моментов нема континуитет во контактите со Цариград, но се…

Мајкрософт тестира нова функција за контрола на личните податоци

Дистрибуцијата на нови надградби за „Виндоус 10“ постојано е придружена од неочекувани проблеми со работата на уредите. И покрај обидите на „Мајкрософт“, овие процеси се повторија со новата „Виндоус 10 октомври 2018“ надградба на компанијата. Таквите слабости имаат потенцијал да ги изложат на сериозен ризик доверливите информации на корисниците. „Енгаџет“ нè информира дека „Мајкрософт“ веќе почна да експериментира со нова функција наречена „Проект Соли“ (Project Soli). Алатката за која станува збор е дизајнирана да ни даде целосна контрола врз нашите лични податоци. Ако имате информации кои што ги поседувате само…

Научниците тврдат дека поради јаглерод диоксидот во воздухот стануваме се поуморни и поглупави

По прв пат научниците предупредуваат какви ефекти има растот на емисијата на штетни гасови врз когнитивната способност на луѓето, а едно истражување покажува дека до 2100 година ќе има четири или пт пати повеќе СО2 во воздухот. Научниците објавија дека се поголемото ниво на штетни гасови во атмосферата не само што доведува до ефект на стаклена градина, туку влијае на луѓето да станат поуморни, позаборавени и поглупави. Попладневниот замор, кој најдобро го чувствуваат луѓето кои работат во затворени простории без добра вентилација, може да стане проблем за целиот човечки род.…

Реал Мадрид се засили со Дијаз од Манчестер Сити

Во денот кога беше сензационално поразен од Реал Сосиедад, во Реал Мадрид потврдија дека донеле ново засилување. Станува збор за 19-годишниот Брахим Дијаз кој пристигнува од редовите на Манчестер сити. Дијаз потпишал договор за 6,5 години и за него од Реал платил 17 милиони евра отштета и седум милиони за бонуси. На Сантјаго Бернабеу, Бразилецот треба да заработува по околу 3,5 милиони евра годишно. Дијаз може да игра на неколку позиции во дефанзивната линија.

ГРЦИЈА: Притворени 8 лица поради „шарена револуција“ врз амбасадата на САД

Грчката полиција притвори осум лица поради сомневање дека ноќеска фрлиле канта со црвена боја на влезот на паркингот на Американската амбасада во Атина. Полицијата соопшти дека десетина лица на мотори, ноќеска околу 3 часот и 30 минути по локално време, фрлиле црвена боја, а за инцидентот одговорност преземала анархистичката група Рубикон. Тие изјавиле дека тоа го направиле поради „американскиот империјализам“ и договорот на Грција со Македонија во замена за членството на Македонија во НАТО, како и поради неодамнешната американска одлука да се повлече војската од Сирија. Анархистите Рубикон слични инциденти…

Од среда пратениците на работа – последна фаза од уставните измени

Во среда ќе започне последната фаза од уставните измени предвидени со Договорот од Преспа. Седницата број 75, ќе има четири точки на дневниот ред: утврдување на предлог амандманите на Уставот, донесување на амандманите, прогласување на Амандманите и на предлог-уставниот закон за нивно спроведување, јавува Алсат. Виси двотретинското мнозинство, а премиерот го убедува Касами од БЕСА да ги поддржи уставните измени.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ОК Струмица Александар ДОНЕВ со честитка за Божик до Струмичани

Почитувани, Големиот христијански празник Божиќ нè учи колку е значајна човечноста, како да бидеме солидарни и да ги надминеме разликите. За Божиќ да го исполниме секој дом, семејство и ближните со добра мисла и љубов. За татковината посакуваме единство во мислата и делата на сите кои прават добро. Секогаш да се сеќаваме дека празниците се денови на настава за духот на трпението, издржливоста и братството. Во духот на нашата многувековна традиција, Ви посакувам празничните денови да ги минете исполнети со љубов и топлина. Во името на Општинскиот Комитет на ВМРО…