Научниците тврдат дека поради јаглерод диоксидот во воздухот стануваме се поуморни и поглупави

По прв пат научниците предупредуваат какви ефекти има растот на емисијата на штетни гасови врз когнитивната способност на луѓето, а едно истражување покажува дека до 2100 година ќе има четири или пт пати повеќе СО2 во воздухот.

Научниците објавија дека се поголемото ниво на штетни гасови во атмосферата не само што доведува до ефект на стаклена градина, туку влијае на луѓето да станат поуморни, позаборавени и поглупави. Попладневниот замор, кој најдобро го чувствуваат луѓето кои работат во затворени простории без добра вентилација, може да стане проблем за целиот човечки род.

Имено, нивито на јаглерод диоксид расте таму каде што нема доволно кислород и каде што е слаба вентилацијата, па оние што работат и живеат во затворени простории може да почувствуваат летаргија, пад на енергијата и бавност.

Поголемата количина јаглерод диоксид нема да влијае само на вработените во канцеларии, туку до крајот на векот ќе влијае на целата човечка популација, предупредуваат научниците од Универзитетскиот колеџ во Лондон. Познато е дека поради користењето фосилни горива, нивото на штетни гасови со тек на време само ќе расте. Имено, употребата на нафтата, јагленот и природните гасови се главните причини зошто емисијата на јаглерод диоксид доведува до вакви климатски промени на Земјата.

Тие предупредуваат дека негативните ефекти на јаглерод диоксидот врз когнитивната способност на луѓето ќе бидат неизбежни. Во својот извештај предупредуваат дека со оглед на тоа дека нивото до крајот на векот ќе биде неколку пати повисоко отколку сега, тоа ќе влијае на нашата меморија, на концентрацијата, па дури и на способноста за носење одлуки.

Иако ова истражување уште е во ран стадиум, веќе покажа дека најголемото зголемување на СО2 во воздухот ќе се случи токму во Лондон, каде што штетните гасови ќе бидат неколку пати повисоки отколку досегашниот просек.

Извор: inovativnost.mk

Повеќе