Божиќна честитка од градоначалникот Коста Јаневски

Градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски, по повод големиот христијански празник Христовото Рождество, со честитка до граѓаните кои го слават Божик.

„Почитувани сограѓани од христијанска вероисповед,

Сакам најискрено да Ви посакам празниците да ги дочекате со радост во Вашите семејства и со топлина во Вашите домови, пронаоѓајќи ја вистинската смисла на постоењето и живеењето.

Рождеството Христово како еден од двата најголеми празника во Христијанството, заслужува да го одбележиме со спомен на големиот настан кој се случил во Витлеемската пештера пред повеќе од два милениума, и да си спомнеме дека во раѓањето на Христа се наоѓаат никулците на нашата вера.

Во чест на Исус Христос и за атер на нашите празнувања, време е да се погрижиме да го истиснеме злото од душите, за да му направиме место на доброто кое не прави луѓе во вистинската смисла на зборот.

Да бидеме здрави, среќни и весели и со насмевка на лицата да го изговораме празничниот поздрав „Христос се роди“.

Честити, благословени и вековити нека Ви се Бадник и Божик“.

Коста Јаневски,

градоначалник на општина Струмица

Повеќе