Во Струмица утрово измерени -18 степени

Минус 18 степени се измерени утрово воСтрумица, најстудено во Берово, -21 степен, -20 во Битола, -18 во Маврово. Под нулата е насекаде во Македонија.

Според прогнозата на УХМР, студеното време и минусните температури ќе продолжат и во текот на денот.

Под влијание на влажен и студен бран, утре и во четврток ќе има нови пообилни врнежи од снег, особено во западните делови. Потоа следува период на стабилно и суво време со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во благо покачување.

Повеќе