Од денес Мицкоски најави дека ќе бил на протести со народот.

На својот твитер профил Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски предизвика големо внимание со неговиот твит дека од денес како граѓанин, неговото демократско право ќе го искористи со приклучување со мирен протест заедно со народот да го искаже своето негодување од промената на Уставот со цел промена на името кој на сила го води власта во Собрание и покрај неуспешниот референдум.

Во Битола поради неспособноста на локалната власт лугето заглавени на улиците во снегот

Во Битола лугето преживуваат вистинска голгота поради неспособноста на локалната самоуправа и Градоначалничката конкретно на Могила во случајов поради неисчистените патишта. Во прилог видео од терен каде автобус кој ги пренесува граѓаните и учениците до своите домови, совесен граѓанин ги влече до својата дестинација поради неисчистените патишта. Видеа на линкот подолу. https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=978141712390571&id=100005842544598 Срамота! Извор: #СоцијалниМедиуми

Одбојкарската репрезентација оди на Европско првенство

Првпат во 27-годишната историја на самостојна Македонија, ќе имаме сениорска одбојкарска репрезентација на континенталниот собир. Со многу среќа, мораше еднаш да ни се насмевне, нашиот национален тим обезбеди пласман на Европското првенство откако ја совлада Унгарија со 3-0 (25-21, 25-20, 25-21). Ни одговараа и резултатите на Азербејџан и Израел кои загубија од Шведска, односно Летонија и ние како една од петте најдобри второпласирани селекции во квалификациите, обезбедивме пласман на Европското првенство кое ќе се игра од 13 до 29 септември годинава во Белгија, Франција, Холандија и Словенија.

Заев се фали дека бизнисот со марихуана, во кој влезе неговиот братучед, остварува над 100 милиони евра вкупен приход

Премиерот Зоран Заев во интервјуто на Сител се пофали дека цвета бизнисот со масло од марихуана во земјава. -Имаме лиценца дадено за медицинско масло од марихуана со 300 вработени засега, со над 100 милиони евра вкупен приход кој што го остварува, рече денес Заев. Како што и самиот призна неодамна, овој бизнис во Македонија го превзема токму неговиот братучед Трајче Заев. Трајче Заев ја има купено оранжеријата “МАМ“ која во овој момент има дозвола од Министерството за земјоделство за производство на маслото за канабис за медицински цели. Во објаснувањето што…

СРАМОТ НАРЕЧЕН ДИМИТРОВ Никола, не срами се, замини си сам!

Листата на скандали е предолга и тешко дека би ја „преживеале“ дури и за функционери во недемократски држави. Но веројатно Димитров се срами само од Македонците и нивното чувство за посебност. Нему не му претставува срам што ги погази сите македонски црвени линии, што јавно се изнесени неговите цинкарења по амбасадите, што потпиша нелегитимен договор вон своите ингеренции, што бранеше предлог со лаги дека Грците го прифатиле, што по капитулацијата беше истеран заедно со Заев од претседателот на државата, што граѓаните низ државата ги изигнорираа наводните „општонародни забави“ по капитулацијата,…

Заев и Џафери во паника: Им извиси двотретинското мнозинство, немаат доволно гласови за да го сменат Уставот?

Одложена за утре е седницата на која денес требаше да се гласаат уставните измени во Собранието на Република Македонија. Владејачката СДСМ беше убедена дека над 80 пратеници ќе гласаат ЗА, со што ќе го обезбедат двотретинското мнозинство кое е потребно. Пред пратениците се обрати премиерот Зоран Заев, каде тој побара од пратениците да дадат поддршка за уставните измени, велејќи дека со тоа ќе помогнат за прогресот на Македонија кон НАТО и ЕУ, а во обратен случај би довеле до изолација. Претседателот на Собранието, Талат Џафери, по говорот на Заев, на изненадување…

Од снегот се расчистуваат и локалните патишта и улици во повеќе населени места

Од снегот се расчистуваат и локалните патишта и улици во повеќе населени места Покрај зимската служба на Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“, општина Струмица ангажираше и дополнителни компании за расчистување на снегот на локалните патишта и улици во повеќе населени места. Во моментов се работи на покритичните патни правци: Муртино – Банско – Габрово, Куклиш – Свидовица, Добрејци – Просениково – индустриска зона Север, Раборци – Попчево – Рич, Баница – Водоча – Вељуса, Костурино – Дорломбос – Мемешли. Во зависност од снежните врнежи и потребите, ќе се интервенира…

По новите снежни врнежи „Комуналец“ на терен со сите расположливи ресурси

По новите снежни врнежи „Комуналец“ на терен со сите расположливи ресурси Зимската служба на јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ подготвена ги дочека новите врнежи од снег. Активирани се сите расположливи ресурси и интензивно се работи на терен за да се овозможи нормално движење на пешаците и возилата. Рачно и со механизација се чистат тротоарите и пешачките зони, а со возила се интервенира на улиците во централното градско подрачје и повисоките делови на градот.

Власта нема обезбедено 2/3 мнозинство сеуште?!

Договор за обезбедување 2/3 мнозинство за уставните измени се уште нема информираат од крилото на Беса на Касами. Преговорите запнаа кај амандманот на Беса кои бараат да се избрише зборот македонско државјанство и да стои државјани на Северна Македонија. Работните групи на Владата и претставници на Беса се во  постојан контакт и незивесно е каков епилог ќе има до почетокот на пленарната седница. Од Независната пратеничка група на ВМРО ДПМНЕ брифираат дека доколку се направат какви било остапки во делот на државјанството тогаш тие нема да дадат подршка на амандманите…

Помен (РИП) за Република Македонија?

Знам, насловот на колумната не е многу празничен. Се извинувам за тоа. Набргу ќе прејдам на добрите вести. Но, првин, една интересна помисла: да речеме, на пример, дека Зоран Заев ќе успее да го протурка неговиот таканаречен Преспански договор низ Собранието за неколку недели и дека одметнатите поранешни пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и партиите на албанското малцинство ќе гласаат со СДСМ да и овозможат на Владата на Зоран Заев да го смени македонското име, индентитет, јазик, историја, култура, наследство… За тоа да се случи, ќе им треба претседателот Иванов да ги…