Одбојкарската репрезентација оди на Европско првенство

Првпат во 27-годишната историја на самостојна Македонија, ќе имаме сениорска одбојкарска репрезентација на континенталниот собир.

Со многу среќа, мораше еднаш да ни се насмевне, нашиот национален тим обезбеди пласман на Европското првенство откако ја совлада Унгарија со 3-0 (25-21, 25-20, 25-21). Ни одговараа и резултатите на Азербејџан и Израел кои загубија од Шведска, односно Летонија и ние како една од петте најдобри второпласирани селекции во квалификациите, обезбедивме пласман на Европското првенство кое ќе се игра од 13 до 29 септември годинава во Белгија, Франција, Холандија и Словенија.

Повеќе