Мојата чудесна земја Македонија…

Мојата чудесна земја Македонија…

Има на Балканот една земја која се граничи сама со себе.
Каде живеат убави жени, а наталитетот опаѓа.
Каде невработените работат најмногу,
А на најплодната земја живеат луѓе кои гладуваат.
Каде сите играат фудбал уште од мали, а победуваат во кошарка и ракомет.
Сите брзаат на работа, а никој не стигнува на време.
Каде 8 часовното работно време, трае 12 часа од кои 5 се поминуваат во кафана.
Каде здравството е бесплатно, а лечењето скапо.
Каде новинарите се слободни да напишат она што ќе им наредат.
Каде најбогати се оние кои никогаш ништо не работеле.
Каде светската криза има добиено државјанство.
Каде луѓето веруваат, а го пцујат Бога.
Каде минатото се повторува секој ден.
Каде војните никогаш не се завршуваат.
Каде паметните заради неразбирање ги прогласуваат за лудаци, а лудаците за способни.
Каде неписмени ја пишуваат историјата.
Каде законите се незаконити, а анархијата нормална состојба.
Каде се живее од иднината, затоа што на сегашност се нема право.
Каде секој секому се смешка, а никој никому не му посакува добро.
Каде судските постапки траат подолго од животот.
Каде поплавите се начин за наводнување на земјиштето.
Каде сметаат дека земјата повеќе ќе напредува колку повеќе се уназадува..

#СоцијалниМрежи

Повеќе