ТОНИ МИХАЈЛОВСКИ: Предавникот секогаш вели дека е на „вистинската страна од историјата“

Тони МИХАЈЛОВСКИ, неделно:

Предавникот секогаш бил, за него, на вистинската страна низ историјата. Секогаш со поробувачот, величајќи го до ниво на ослободител. И секогаш, предавникот, барал да биде запишан како херој, кога веќе помогнал да се убијат вистинските херои. Но, хартијата трпи се, па дури и најголемите лаги.
Колективната меморија пак, вели поинаку. Таа на трпи туку памети, и го пренесува тоа од колено на колено, од уста на уста, преку збор или песна. Таа колективна меморија ретко се наоѓа воисторијата, од проста причина што не знае да лаже. Нема таква задача.
Тоа е пирејот што не се ништи, и доказ за нечие, во случајов македонското постоење. Таа е збир на индивидуални мемории и затоа не може да биде искривоколчена и наметната.
Велат, се додека живее еден што памети нешто, и тоа нешто ќе живее.
Можете да крстите, да прекрстувате, да земете колку сакате и да присвоите за себе. Можете да не вратите 11 векови назад. Силата е на ваша страна, а народот е исплашен, ограбен и гладен. Но некои од нас вечно ќе паметат кои се, и така ќе ги учат и оние кои доаѓаат по нив. Таа меморија е посилна од сите ваши амандмани, устави, закони и компромиси со злото.

Повеќе