Големо му е името на Ченто, сакат да му го земат. Јане Ченто претепан во затворот.

Тазе модринките (од попладнево) на Јане Ченто. Тепан од 10 сдсм фашистички џандари. ОБСЕ се слушаме ли? Совет на Европа. Некој, било кој? Јавен правобранител, Сите за праведно судење, Хелсиншки, алоооо? Напиша Миленко Неделковски кој потврда за ова имаше и во живо на свое фб обраќање, каде лично Ченто го потврдил инцидентот кој се случил денес некаде кај 14 час. Не се плашете, излезете и покажете и го патот на таа хунта не им се плашите рече Ченто. https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=2560928920590782&id=387874901229539

Групна тужба против пратениците – Не може 80 луѓе да поништат волја на народ

“Браво за професорката Каракамишева“ – рече граѓанскиот активист, аналитичар и екс-јавен обвинител Сотир Костов, на пршањето да ја искоментира иницијативата на професорката по Уставно право за групна тужба против власта, поточно 80-те пратеници кои се обидуваат да го променат уставното име на државата, објави Инфомакс.мк Не може 80 луѓе да се соберат и да поништат волја на народот изразена на референдумот на 30.септември кога не донесоа одлука за промена на Уставот. Ова е политички варваризам, ова уставно насилие.“ – рече Костов во изјава за „Инфомакс“, појаснувајќи дека иницијативата е одлична, а…

ДЕНЕСКА СЕ СЛАВИ ВОДОКРСТ:Денот кога се крштеваат сите води,и имаат лековито дејство!

Денешниво ден меѓу народот е познат како Водокрштение или Водопост. Водокрштение се вика поради тоа што на тој ден се крштева (се осветува) водата, а Водопост веројатно се добило од Водици и постење, бидејќи Водопост е посен ден. Овој ден не е празник како што се следните два дена. На овој ден освен што се крштева вода, се пее и крстот и се прават последните подготовки за празникот. Денот Водокрст, пред Богојавление (Водици) има важно место во животот на нашиот народ. Во очекување на големиот празник народот изведувал многу обичаи…

Познат новинар приведен, ја претепал сопругата

Семејното насилство, неофицијално било пријавено од соседите, при што набргу по дојавата, во домот на брачниот пар пристигнале полициски службеници, кои всушност и самите биле сведоци на немилиот настан што се одвивал во присуство на нивното малолетно дете. Познат македонски новинар и сопственик на портал, поради семејно насилство бил приведен во полиција, дознава „Нетпрес“. Тој физички ја нападнал својата сопруга, вчера, во семејниот дом во Скопје. А, пак, ден претходно, новинарот пријавил во полиција дека тој бил нападнат од сопругата. Семејното насилство, неофицијално, било пријавено од соседите, при што набргу по…

Кекеновски го оспорува Законот за употреба на јазиците пред Уставен

Професорот Јове Кекеновски денеска до Уставниот суд поднесе иницијатива за оценка на уставноста на Законот за употреба на јазиците, бидејќи смета дека Собранието го донело без потребниот број гласови. – Имајќи го во предвид став 1 од амандманот 18 на Уставот на Република Македононија, сметам дека Собранието го усвоило овој Закон со недоволен број гласови од потребниот што императивно го побарува овој амандман – изјави Кекеновски. При донесувањето на овој Закон, како што појасни Кекеновски, претседателот на Собранието, како и останатите собраниски органи и служби морале да го имаат во…

Претседателот Иванов ќе приреди прием за дипломатскиот кор

Претседателот Ѓорге Иванов денеска во 19 часот ќе приреди прием за претставниците на дипломатскиот кор, акредитирани во Македонија. На дипломатскиот прием, кој традиционално го приредува претседателот по повод новогодишните и божиќните празници, најавени се обраќања на претседателот Иванов и доајенот на дипломатскиот кор, шведскиот амбасадор Матс Стафансон. Приемот за претставниците на дипломатскиот кор изминатите години беше приреден во Скопје, Струга, Гевгелија, Битола, Крушево и во Берово.

МАКЕДОНИЈА КАКО ГАСНА КОМОРА

Македонија се гуши заради енормно загадениот воздух, а актуелната власт се уште не покажува интерес да преземе некоја посериозна мерка за да го намали или ублажи загадувањето. Загаденоста на воздухот во Скопје, Битола, Прилеп, Струмица, Куманово секодјневно руши рекорди и неколкупати ги надминува границите на загаденост според ЕУ стандардите. За жал, болниците секојдневно се полнат со граѓани од сите возрасни групи кои заради респираторни или кардиоваскуларни потешкотии барат спас од тегобите кои ги имаат заради загадениот воздух. Граѓаните се гушат, а власта е посветена на други активности за кои смета…

Професорката Каракамишева во полициска станица: Политичкиот прогон го пуштаат на максимум, нема да ме замолчите

Професорката Тања Каракамишева Јовановска преку социјалните мрежи информираше дека била повикана во полициска станица поради поднесена пријава против неа за предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторна основа -Само што излегов од полициска станица Центар. Вчера ТРОЈЦА полицајци ги вознемирија моите малолетни деца носејќи ми покана дома да се јавам денес во 11 часот во станица “под сомнение дека сум сторила кривично дело од чл.394-г од КЗ, Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем”. Пријавена сум од ХЕЛСИНШКИ КОМИТЕТ по чл.…

Јанко Бачев-Промената на името, Иванов, Заев и Советот за безбедност на Обединетите нации

Оправдан е стравот кај Македонците од уставните измени бидејќи со нив се брише се што е македонско. Прашањето е сега, може ли да се проблематизира промената на името. Мојот одговор е – да! Откако Грција ќе го ратификува Договорот за промена на името, Македонија ќе ги извести сите држави – членки на Обединетите нации дека членството го продолжува под новото име Република Северна Македонија (член 1 став 7 од Договорот). Многу е веројатно дека ова известување во името на Република Македонија со писмо до Обединетите нации прв ќе го направи…

ТРАДИЦИОНАЛНА МАНИФЕСТАЦИЈА – СПОРТИСТ НА ГОДИНАТА 2018 СТРУМИЦА

Во техничка организација на Општински сојуз на училишен спорт на Струмица, под покровителство на Градоначалникот и Советот на општина Струмица, а во  соработка со спортските новинари и спортските работници од Струмица, ќе се одржи традиционалната Манифестација – Избор на најдобрите спортски екипи, спортисти и тренери на Општина Струмица за 2018 година Прогласувањето на најдобрите спортисти, спортски екипи и тренери од општина Струмица за 2018 година ќе се одржи на 25.ЈАНУАРИ 2019-та година, а местото на одржување ќе биде дополнително утврдено. Оваа година изборот на најдобрите и најуспешни спортисти, спортски екипи…