Миленко до Милошоски: Зошто потпросечен вечен студент ти е фаворит во однос на доктори на науки

Статус на Миленко Неделковски: “Го молам промотерот на Влатко Ѓорчев, г-динот Антонио Милошоски, да не’ извести какво образование има “кандидатов”, со какви оценки завршил, колку долго студирал и зошто од Правен факултет се префрлил на Политички науки, а студирањето во Скопје го заменил со она во Штип? И каков реален контакт со животот на обичниот Македонец му има “кандидатов”, кога прво и единствено вработување му е пратеник?! И крајно, како и зошто потпросечен вечен студент му е фаворит во однос на доктори на науки со десетици издаде и книги од…

Судири, солзавец и палење на македонското знаме во Атина

Грчката полиција искористи солзавец за да ги растури групите на демонстранти кои се собраа пред парламентот во Грција да протестираат против ратификацијата на Договорот од Преспа, пренесува „Ројтерс“. Неколку илјади луѓе во Атина повторно се собраа на протест, а ситуацијата ескалираше во 21.30 часот, кога демонстрантите тргнаa кон зградата на парламентот со запалени факели, поради што полицијата мораше да искористи солзавец за да ги разбие групите. Грчките медиуми објавија и кратко видео на кое може да се забележи како демонстрантите го палат македонското знаме. Тридневната дебата во грчкиот парламент завршува…

УНГАРИЈА БАРА ИЗЛЕЗ ОД ЕУ И ДА СЕ ПРИКЛУЧИ ВО СОЈУЗ СО РУСИЈА!

Нападите на Орбан врз Брисел не можат да се окарактеризираат како чист опортунизам, во нив постои силен идеолошки елемент. Во нередните неколку недели европските лидери ќе бидат фокусирани на Велика Британија, чии граѓани наскоро ќе одлучат дали сакаат нивната земја и понатаму да остане членка на Европската Унија. Но тоа не е единствената закана за ЕУ која е на повидок. Заканата доаѓа од Будимпешта. Унгарскиот премиер Виктор Орбан неодамна се позиционира како евроскептик. Откако го презеде кабинетот во 2010, година стана јасно дека не цвета љубов помеѓу него и Брисел.…

Мицотакис: Грција во кој било момент ќе може да стави вето за членство на Скопје во ЕУ

Претседателот на грчката опозициска партија Нова демократија, Кирјакос Мицотакис во неговиот говор во Парламентот за време на расправата за ратификација на Договорот од Преспа, порача дека тој како премиер би го искористил правото на вето на патот на Македонија кон Европската унија, јави дописничката на МИА од Атина. – Процесот за интеграција на Скопје во ЕУ не е поврзан со Договорот од Преспа. Грција може во кој било момент да стави вето во процесот на интеграција на Скопје во ЕУ и ова право на нашата татковина одбивам да го напуштам…

Калајџиев песимист за функционирањето на ОТА (ВИДЕО)

Во вчерашното Отворено студио на 1ТВ гостуваше универзитетскиот професор, Горан Калајџиев кој ја образложи улогата на ОТА и кој има повеќе овластувања. „Искрено да ви кажам јас кога како експерт ја следев работата, не бев многу ентузијаста дека да речеме само со воспоставувањето на ОТА како посредник кој што ќе вклучува и исклучува врз база на аноминизирани судски наредби, ќе се исклучат сите злоупотреби. Ниту тоа го тврдам до ден денес, ниту мислам дека надзорот може да ги елиминира сосема“ – појасни Калајџиев. Калајџиев посочи дека е песимист дека ќе престане…

Жално е што власта на СДСМ е неспособна да организира откуп и да исплати субвенции кои ги ветуваше пред да дојде на власт

Почитувани, не може човек а да не биде загрижен кога гледа каков хаос и се случува на Република Македонија. Катастрофа на секое поле, а најповеќе во земјоделието, ова преку својот Фејсбук статус го порача Цветан Трипуновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ. -Власта во јануари се уште нема решено работи кои требаа да бидат решени минатата година. Беше жално и понижувачки кога гледавме како се сечеа јаболкници во најплодните години само затоа што власта е неспособна да организира откуп кој го ветуваше пред да дојде на власт. Иако во екот на бербата…

Во Словенија:Татко на три деца и сопруг на жена болна од рак се самоубил поради шиканирање од министер

Словенечката полиција во вторникот потврдила дека по службена должност покренала предистражна постапка во која го проверува наводниот мобинг во Министерството за култура што довело до трагедија во која заради шиканирање од страна на министерот, долгогодишен вработен во тоа Министерство извршил самоубиство. „Врз основа на медиумските написи за шиканирање на службеник во Министерството за култура, ги проверуваме причините за сомнеж за кривично дело кое се гони по службена должност. Доколку тоа биде потврдено, ќе поведеме преткривична постапка и за тоа ќе го известиме државното обвинитество“, изјавиле од љубљанската полиција. БИТНИ ЗА…

Хан: Договорот за Северна Македонија е гигантски успех, за кој вложив многу труд

Договорот од Преспа е пред усвојување во грчкиот Парламент, што претставува гигантски успех, изјави еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан. – Близу сме до одлуката во грчкиот Парламент за прифаќање на Договорот за промена на името на Македонија во Северна Македонија. Поаѓам од препоставката дека тоа ќе биде решено, што претставува гигантски успех. Самиот вложив многу труд и време во развојот на таа држава од 2015 година, нагласи Хан во интервју за телевизијата Н1. Хан истакнува дека во изминативе неколку години со заеднички сили на Балканот се направени…

Ќулавкова: Албанците се должни да го познаваат и да го зборуваат македонскиот јазик

Овогодинешниот добитник на „Антево слово“, академик Катица Ќулавкова, реагира дека се води држава, а не се прави разлика (малцински) јазични права и должности. Водат држава, а не прават разлика меѓу (малцински) јазични права и должности спрема државниот јазик! Службениот карактер на албанскиот јазик се однесува на правата на 20% македонски Албанци и не ја укинува должноста тие да го познаваат и да го зборуваат државниот јазик на РМ, македонскиот, напиша Ќулавкова.

Александров од Австралија: ВМРО-ДПМНЕ треба да вети дека нема да коалицира со ДУИ и БЕСА

“ВМРО-ДПМНЕ треба да даде недвосмислено ветување дека ќе ги третира Преспанскиот Договор, Уставот на Северна Македонија и законот за двојазичност како невалидни и дека нема да коалицира со ДУИ, БЕСА или друга етносепаратистичка, антимакедонска партија. Треба да ја прочисти својата листа и партиските органи од опортунистички, кукавички квази-вмровци, за да има капацитет да го спроведе ветеното. Треба како свои членови или коалиционери активно да бара припадници на етничките малцинства кои се лојални на Република Македонија, а во меѓувреме самата да промовира антидискриминаторски политики (за етничка, религиска, полова .. припадност) во…