Македонците настрадаа, Грците им го земаа името, Албанците јазикот, а Бугарите историјата

Голем број Македонци се против промената на името на земјата, но присилно им наметнаа решение, пишува „Слободна далмација“. Не станува збор само за Грција, стои во текстот на весникот, туку, тука се уште и два договори во корист на Албанија и Бугарија. Во текстот стои како македонскиот народ остана без се она што е вредно за постоењето на една држава. Против волјата на граѓаните земјата остана без своето име, јазикот и историјата. „Слободна далмација“ уште пишува и дека со договорите кои македонската власт ги склучи со соседните земји на Бугарија и ја…

Со поддршка од Германија ќе се реконструираат студентските домови

Владата на Република Македонија денеска на седница ја разгледа и усвои Информацијата за можноста за обезбедување техничка помош од Владата на СР Германија за проценка и утврдување на потребите за реконструкција на студентските домови во Македонија. Владата, како што соопшти владината прес-служба, го задолжи Министерството за образование и наука веднаш да пристапи кон подготовка на ранг листа на студентски домови во Република Македонија по приоритет за инвестирање. 

Пациенти умираат, Филипче мува не го лази

Низа смртни случаи низ клиниките ја потресоа македонската јавност изминатиов период. Најнов е случајот во кој докторот не му дава антикоагулант на пациент опериран од колено, се откачува тромб и лицето умира. Преоптеретеност на докторите, немање на услови за работа, но главно лош менаџмент со здравствените установи се причините за вакви случувања, коментираат упатените по последнииот случај. Истите извори делат дека за менаџменот несомнено е потребно да одговара министерот за здравство, Венко Филипче. Граѓаните гневни се прашуваат „што прави Филипче во министерската фотеља кога му умираат пациенти“. На социјалните мрежи…

АНГЕЛОВСКИ: Договорите со Грција и Бугарија, двојазичноста и новите балкански мапи

Слушам деновиве како во најразлични телевизиски контактни емисии се јавуваат граѓани возбудени од речиси сигурната благосостојба која ја чека и државава и нејзините жители, сега, после ратификацијата на Преспанскиот договор, Договорот за добрососедство со Бугарија и Законот за двојазичност, како дел од Тиранската платформа. Пресреќни, зашто, откако ги прифативме сите непристојни уцени од соседите, конечно во нив сме добиле вистински пријатели кои ни ја гарантираат светлата европска иднина. За нивна, но и за наша жал, реалноста наскоро ќе ги демантира. Суровата реалност е многу поинаква од розевата иднина која ни…

Милошоски-Во Хаг судиите одлучија дека Македонија има право да го сочува својот устав затоа што е суверено право на секоја нација ! “

” Тоа што денес го говори Димитров дека треба да го смениме уставот, тоа го говореше грчката делегација во Хаг. Но судиите во меѓународниот суд на правдата во Хаг, од Словачка, Франција, Австралија, Јапонија, Америка, Германија, Британија, пресудија дека Македонија има право да го сочува својот устав затоа што е суверено право на секоја нација ! “

Ѓорѓиевски: Ова затворање на македонското прашање што вие го нарекувате договор за мене е спогодба

Вие во доста еуфорична атмосфера оваа завршница ја претставувате. Ова затворање на македонското прашање што вие го нарекувате договор за мене е спогодба. Бидејќи договор е многу повисок акт кој има право да го потпише само Претседателот на државата, не и министрите. Меѓутоа спогодбата ја применивте како договор, појасни Зоран Ѓорѓиевски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ при заседавање на седницата Собрание на Република Македонија за интерпелација на Димитров. Ѓорѓиевски образложи дека без обѕир што оваа спогодба беше отфрлена на референдумот на 30-ти септември и таа…

Бујар Османи: Царовска лаже, нема злоупотреба на пари во случајот со пензиите, ќе поднесеме кривични пријави

Се ниша коалицијата меѓу СДСМ и ДУИ. Откако министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, обвини за злоупотреби во ПИОМ, каде со години директори се функционери на ДУИ, денес вицепремиерот Бујар Османи излезе со остра порака до неа. Ја обвини дека дава несреќни изјави, а се закани и со тужба. -Околу вчерашната фама и спектакуларни наслови, за злоупотреба на пензискиот фонд од 19 милиони евра, јас морам тука да кажам дека вчера имаше несреќна изјава на министерката Царовска, која отвори можност за спектакуларни шпекулации по однос на тоа што…

Одбојкарот Васе Михаилов избран за спортист на годината 2018-та

Одбојкарот Васе Михаилов од ОК „Џио Струмица“ и член на македонската репрезентација е избран за Спортист на годината 2018-та за општина Струмица, на манифестацијата која се одржа во саботата во ресторанот „Студио ИН“ во Струмица. Васе Михаилов е капитен и долгогодишен одбојкар во ОК „Џио Струмица“. Актуелен шампион и освојувач на Купот наМакедонија со ОК „Џио Струмица“. Член на сениорската репрезентација на Македонија. Учесник со сениорската репрезентација на завршни-финални натпревари во Европската Лига (златна и сребрена), како и иден учесник на Европското Првенство во одбојка во 2019 година.

Две момчиња нападнати пред кафетерија во Струмица

СВР Струмица информира дека доцна во ноќта,недела спрема понеделник, околу 02:00 часот, две момчиња на околу 22-годишна возраст биле физички нападнати пред угостителски објект на плоштадот „Гоце Делчев“ во Струмица, од две, засега непознати лица. Нема информации за причината за нападот на момчињата. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Одоговорност за грабежот на народни пари мора да има

Соопштение до јавноста од ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА Одоговорност за грабежот на народни пари мора да има, а украденото од позиција на власт ќе биде конфискувано не само од претходната власт туку од сите криминалци во изминатите 28 години, порача политичката партија Единствена Македонија преку соопштение. Од партијата на Јанко Бачев додаваат дека само ако се врати украденото, Македонија ќе биде држава каква што ја сакаат македонскиот народ и сите граѓани на Република Македонија. „Марионетската власт на Зоран Заев заглавена во безаконие, корупција и криминал продолжува да ја замајува јавноста со смешните обвиненија…