Одбојкарот Васе Михаилов избран за спортист на годината 2018-та

Одбојкарот Васе Михаилов од ОК „Џио Струмица“ и член на македонската репрезентација е избран за Спортист на годината 2018-та за општина Струмица, на манифестацијата која се одржа во саботата во ресторанот „Студио ИН“ во Струмица.

Васе Михаилов е капитен и долгогодишен одбојкар во ОК „Џио Струмица“. Актуелен шампион и освојувач на Купот наМакедонија со ОК „Џио Струмица“. Член на сениорската репрезентација на Македонија. Учесник со сениорската репрезентација на завршни-финални натпревари во Европската Лига (златна и сребрена), како и иден учесник на Европското Првенство во одбојка во 2019 година.

Повеќе