Заев ја привилигира Струмица со сет мерки против загаденост, додека во Скопје граѓаните дишат загаден воздух

Загадениот воздух во последните месеци зема се поголем замав. Но додека граѓаните од Град Скопје се трујат во загадениот воздух, и не се преземаат итни превентивни мерки за да се заштитат граѓаните, во Струмица пак од вчера на сила се препораките и мерките против загадувањето, бидејќи во претходните два дена е надминат прагот на алармирање на ПМ 10 честичките од 200 микрограми на метар кубен.

Но загадувањето на воздухот е неколкукратно над максимум дозволеното и во главниот град. Ноќеска се забележани концентрации на ПМ 10 честичките од приближно 400 микрограми. Во Центар во текот на ноќта од 22 часот концентрациите биле над 300 достигнувајќи до 398 во 22 часот и 356 во 23 часот. Истото се случуваше и по другите скопски општини. На мерната станица Бутел највисоката концентрација се 233 микрограми, а утрово се 71 микрограми на метар кубен. Во Карпош се регистрирани концентрации од 136 до 187 микрограми на метар кубен.

Дали граѓаните од Струмица се повеќе привилегирани од граѓаните од Скопје кои исто така неколку дена по ред дишат загаден воздух? Зошто граѓаните на Струмица ги имаат мерките од денес како ослободување од работни обврски на бремените жени, лицата постари од 60 години, како и лицата со хронична астма, прележан миокарден инфаркт или мозочен удар, без разлика на возраста, со препорака на матичен лекар, a за другите општини нема? Дали приоритет на Заев се само луѓето од град Струмица, а не останатите граѓани од Македонија, се прашањата кои граѓаните ги поставуваат на социјалните мрежи.

Повеќе