Дескоска: Нема да дозволиме амнестирање на криминал

Ниту еден криминал не смее да остане неказнет, не смее да се бараат процедурални причини за вакво или такво постапување со цел да се избегне одговорноста. Одговорност за сторените кривични дела мора да постои и очекувам дека Јавното обвинителство ќе продолжи со гонење, без оглед каков ќе биде нивниот понатамошен став – кој ќе го продолжи гонењето. Ова го истакна министерката за правда Рената Дескоска одговарајќи на новинарско прашање во врска со вчерашната одлука на Врховниот суд за Специјалното Јавно обвинителство пред почетокот на  настанот за „Зајакнување на влијанието на граѓанското општество…

Јанушев на твитер: – Доста е од црнила! Ајде на избори па народот сам нека каже колку ви верува

Генералниот секретар Јанушев со порака на твитер : “Државата ни е на дното на Европа и Светот според  индексот на корупција.За прв пат имаме долг кој надмина 5 милијарди евра во време кога платите на вицепремиерите растат, а пензиите се намалуваат. Доста е од црнила! Ајде на избори па народот сам нека каже колку ви верува”.

Од утре сите вработени во државни установи ќе имаат за 0.5 % помалку плата, Зашто од нето плата на секој, За здравствено осигурување ќе се одделува за 0.5 % повеќе …

Животот не ги одмина и вработените во државниот сектор, иако навидум незначително но сепак наместо раст на платите уште еден дополнителен трошок за вработените од државната администрација. Секојдневните покачувања на цените наспроти амортизирање на граѓаните дополнително ова влада им го отежнува живеењето.

Постојат ли параполициски структури во ВМРО-ДПМНЕ кои следат јавни личности, пратеници, лица од МПЦ?

Собрание: Пратенички прашања Пратеничката Нола Исмајловска Старова од редовите на независната пратеника група на ВМРО-ДПМНЕ, на денешните пратенички прашања го праша Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски дали е запознаен со инфомацијата дека лица од МВР следеле членови на ВМРО-ДПМНЕ, пратеници, но и лица од МПЦ. Министерот Спасовски потврди дека следење постоело и дека извештаите ги потпишувал Оливер Андонов. „Тоа што ме загрижува е дека во последните денови, на некои медиуми, протекоа информации, дека луѓе од МВР учествуваат во следење на движењето на јавни лица и се дел од некаква…

Мицкоски-Лозарите повторно се излажани и повторно со нови ветувања!

Денеска ние имаме реален проблем во Тиквешијата. Имаме од две винарии ненаплатени побарувања од страна на лозарите за продаденото грозје тоа е некаде од висина на милион и двеста во вкупен износ, 600.000 евра од едната винарија, 600.000 евра од другата винарија. Ветувано им е за време на предизборието од тогашниот технички министер, кој што сега е практично министер во ресорот за земјоделие. Но гледаме дека реалноста е сосема поинаква. Воопшто ништо не се случува. Напротив, повторно имаме некои нови ветувања, нови одложувања на решавања на овој проблем. Вториот проблем…

Тања Каракамишева–Спремајте се за уште помасовен бојкот на претседателските избори!

Тања Каракамишева 🇲🇰 Бидејќи е се посигурно дека агентурите нема да дозволат одржување предвремени парламентарни заедно со претседателски избори ПОДГОТВЕТЕ СЕ за уште посилен бојкот од оној на референдумот! И нека не ве плашат со тоа дека Таљат ќе бил в.д. претседател на државата неколку месеци. Немојте да заборавите дека се што Таљат ќе потпише, се што Таљат ќе стори во својство на в.д. претседател е НЕЛЕГАЛНО И НЕЛЕГИТИМНО бидејќи тој не е легално избран за претседател на Собранието, па оттука не може да биде легален в.д. претседател. Оставете ги…

ОЈО и СЈО: Јовески и Јанева разговарале за иднината на предметите од бомбите на Заев

Јавниот обвинител на Република Македонија Љубомир Јовески денеска имал работна средба со јавната обвинителка Катица Јанева, на која било разговарано за начелното правно мислење од Врховниот суд во однос на работата на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите. – На средбата беа разгледани состојбите и можностите за натамошно постапување по предметите по кои постапува Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите. Во тој контекст, Јовески и Јанева…

Единствено Рангелова од опозицијата гласаше „За“ одземање на платата на Груевски – Илија Димовски воздржан!

Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Даниела Рангелова, претседателка на Унијата на жени на партијата во времето кога претседател беше Никола Груевски, жената која уживаше целосна доверба од првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ, се впиша во низата блиски кои му го зарија нoжeтo на поранешниот претседател. Рангелова е единствената од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ која гласаше „ЗА“ одземање на пратеничката плата на поранешниот премиер Никола Груевски проради правосилната пресуда против него на двегодишна затворска казна за случајот „Тенк“. Другите 51 глас „за“ дополнувањата на Законот за пратеници ги обезбедија пратениците од парламентарното мнозинство. Законските…

ЗАЕВ НА Н1: „Kонечно имаме земја која никој не ја оспорава, за што се бореле нашите претци“

„Кога станав премиер, Македонија беше во кавга со сите наши пет соседи, а веќе денес немаме отворени билатерални прашања со соседите, остана само прашањето за црквата, но и за тоа веќе се преземаат одредени чекори, изјави премиерот Зоран Заев во синоќешното интервју за регионалната ТВ Н1, во емисијата Пресинг. Тој, објаснувајќи го процесот на постигнувањето на Преспанскиот договор, уставните измени во Скопје и ратификацијата во Атина, на гледачите во регионот им објасни дека со Грција не се преговарало околу идентитеските прашања и дека останува националниот идентитет на Македонците како Македонци…

Денеска е Св. Атанасиј Велики и Кирил Александриски

31 јануари 2019 Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 18 јануари. Св. Атанасиј Вeлики архиeп. Алeксандриски. Рoдeн e вo Алeксандрија вo 296 гoдина и уштe oд дeтствoтo бил наклoнeт кoн духoвниoт пoзив. Бил ѓакoн кај архиeпискoпoт Алeксандар и гo придружувал вo Никeја на I Всeлeнски сoбoр. На oвoј сoбoр Атанасиј сe прoславил сo свoјата учeнoст, благoчeстиe и рeвнoст за правoславиeтo. Тoј мнoгу придoнeсoл за сузбивањe на Ариeвата eрeс, какo и за утврдувањe на правoславиeтo. Тoј гo напишал Симвoлoт на вeрата, кoј бил усвoeн на сoбoрoт. Пo смртта на Алeксандар,…